• Latest
Фото: Preкaz - Фејсбук профил

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Приштина се отвора Музејот на децата на војната; Почина украинската новинарка Олга Приадко во Косово; Албанците од дијаспората за прв пат гласаат на изборите во Албанија

January 22, 2025

За ослободувањето на украинските цивилни затвореници

July 26, 2026

Дебилност или имбецилност

July 26, 2026

Предупредување

July 26, 2026

Вештачење од 2024: Мазутот од РКМ не загадувал, а работењето на ТЕЦ Неготино ѝ заштедило над 12 милиони евра на државата

July 25, 2026

Кијив ја мина ноќта во подземните метро станици

July 25, 2026

Напад со балистички ракети во Буча кај Кијив – 10 загинати, околу 100 повредени, агресорот потрошил 17-20 милиони долари за нападот

July 24, 2026
Волфганг Ресман, Медија дијалог, Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ)

ВОЈНА НА ТЕРОР: Д-р Волфганг Ресман за рускиот ракетен терор во Кијив

July 24, 2026
Илустрација ВИ

ЕУ го казни Гугл со рекордни 890 милиони евра поради нарушување на конкуренцијата

July 24, 2026
Фото: Фронтлајн

Унгарија отвори истрага за заемот од една милијарда евра за Северна Македонија

July 24, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Вашингтон со нова царинска офанзива, ЕУ, Кина и Канада реагираат

July 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Приштина се отвора Музејот на децата на војната; Почина украинската новинарка Олга Приадко во Косово; Албанците од дијаспората за прв пат гласаат на изборите во Албанија

January 22, 2025 13:08
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Фото: Preкaz - Фејсбук профил

Фото: Preкaz - Фејсбук профил

Share on FacebookShare on Twitter

Во Приштина денеска ќе биде отворен Музејот на Децата на војната. Иницијативата е посветена на зачувување на спомените од детството за време на војната во Косово и да се осигура дека личните искуства од војната не се забораваат јавуваат косовските медиуми.

Во Албанија, гласачите кои живеат во странство, годинава првпат имаат можност да учествуваат со гласање на парламентарните избори на 11 мај, пренесуваат албанските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

РТК: Денеска се отвора Музејот на децата на војната

Во Приштина денеска ќе биде отворен Музејот на Децата на војната. Иницијативата е посветена на зачувување на спомените од детството за време на војната во Косово и да се осигура дека личните искуства од војната не се забораваат.

Музејот ќе биде отворен со почеток во 18:00 часот во канцелариите на ЈИЧП-КС, а ќе содржи лични предмети, видео докази и курирани експонати, кои според најавата ги истакнуваат искуствата на децата за време на последната војна во Косово.

Овој музеј ќе служи како место за потсетник, што ќе ја поттикне критичката љубопитност, емпатија и желбата за слобода, правда и помирување, пренесе РТК.

Газета Експрес:  Во Приштина почина украинската новинарка Олга Приадко

Здружението на новинари на Косово соопшти дека денеска во Приштина починала новинарката од Украина Олга Приадко.

Приадко повеќе од две години живее со синот во Приштина, а нејзиниот престој во Косово го овозможи програмата „Новинари во резиденција – Косово“, пренесува Газета Експрес.

Телеграфи: 27 години од вториот напад врз семејството Јашари

Денеска се навршуваат 27 години од вториот напад на Србија врз семејството на легендарниот командант Адем Јашари во Преказ.

На 22 јануари 1998 година, во раните утрински часови, од Фабриката за ловна муниција, на околу 500 метри од куќите на населбата Јашари, српските полициски сили се движеле кон кулата Јашари, за да ја нападнат со различен тип оружје, пренесе Телеграфи.

АЛБАНИЈА

Коха јоне: Гласови од дијаспората – ЦИК: Бројот на пријавени достигна 50.399, одобрени се 24.052 барања

Албанските гласачи кои живеат во странство, годинава првпат имаат можност да учествуваат со гласање на парламентарните избори на 11 мај.

Процесот за пријавување во Електронската платформа за гласање започна веќе неколку дена и ќе трае до 4 март.

Според официјалните бројки на Централната изборна комисија, бројот на запишани странски гласачи достигна 50.399, а до денеска (18.30 часот) се одобрени 24.052 барања. Според полот, најголем процент на пријавени се мажи со 32.270 (64,0%) барања, додека жени се 18.129 (36,0%), пренесе Коха јоне.

ВОА: Во заедничка акција на Албанија и Италија сузбиена  група со шверц на кокаин од Јужна Америка

Заедничката истрага на обвинителството во Бреша во Италија и албанското специјално обвинителство доведе до сузбивање на група која се занимавала со шверц на кокаин од Јужна Америка во Италија и други земји од Централна Европа. Акцијата за извршување на 12 потерници и 8 други безбедносни мерки ја спроведе во вторникот полицијата на двете земји. Во Албанија се уапсени 5 лица, додека за уште едно е прогласена потрага, пренесе Глас на Америка на албански јазик.

КОЛУМНА

Коха: Рубио, првиот секретар на новиот поредок

„Американскиот државен секретар ќе има двоен предизвик да го објасни унапредувањето на американските интереси во надворешната политика и да разбере каква е таа надворешна политика во очите на претседателот. Ова му се случува на секој државен секретар, но овој комплициран дел од историјата и неконвенционален претседател на чело на државата,му се падна на овој државен секретар.“, пишува косовскиот Автор Ветон Сурои, во колумната „Рубио, првиот секретар на новиот поредок“, објавена во дневникот Коха.

Подготви: Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ