• Latest
Ирена Лозана (фото: ЦИВИЛ)

Разговор со Ирена Лозана: Ако нема инклузивна свесност, која потекнува од внатре кај секој човек, тогаш излишни се системските решенија за инклузија

January 24, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Разговор со Ирена Лозана: Ако нема инклузивна свесност, која потекнува од внатре кај секој човек, тогаш излишни се системските решенија за инклузија

January 24, 2025 12:36
in ИНТЕРВЈУ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Ирена Лозана (фото: ЦИВИЛ)

Ирена Лозана (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

„Јас сум жена, сопруга, мајка на дете со посебни потреби. Но, јас сум и ментор за родители на деца со нервнодивергентни состојби, работам и во дневниот центар „Доза среќа“ за деца со Даунов синдром, предавам инклузивна јога за нервнодивергентни деца, вежбаме зумба, емоционална интелигенција“, ја започна својата приказна Ирена Лозана, која во последните десетина година се обидува да ги вклучи своите три деца во секојдневните активности и ангажмани како борец за правата да децата со посебни потреби.

Со Ирена зборувавме за системските и  институционалните предизвици, потребата од инклузивна свест, инклузивното образование, прифаќањето и разбирањето на децата со посебни потреби во општеството, но и потребите и поддршката што им е потребна на нивните родители.

„По пет години откако е донесен Законот за инклузивно образование за децата во основно образование, ние се враќаме чекор назад. Она што јас можам да го кажам е дека се зборува за инклузија и кој сѐ побарува да биде инклудиран, како да биде инклудиран, најчесто инклузијата се поврзува со лицата со посебни потреби, најчесто во основното образование, градинките се оставени на маргините да се снаоѓаат сами, иако раниот детски развој е најважен од сѐ. Секој ја разбира инклузијата според сопствените потреби, но она до кое јас по извесно време дојдов до констатација и на кое работам цело време е инклузивна свесност“, објаснува Ирена.

Инклузијата е одреден систем кој треба да влезе во училиште, градинка и според одредени параметри да има рампа, лифт, асистент во училиштето, тоа и инклузијата, начинот на кој што системот се обидува да ги вклучи луѓето и е многу елеметарен. Како што објасни Ирена, ако нема инклузивна свесност, која потекнува од внатре од секој човек, тогаш излишни се законските решенија.

„Не велам дека не треба да се трудиме системски да ги уредиме просториите, услугите и начинот на услужување за да може да биде добар за сите, но е далеку од тоа очекувајќи дека ако има некаков закон дека сѐ е сега завршено. Напротив. Мислам дека ги пикнаа во огин сите и родителите и децата и наставниците. Особено наставниците. Колку и да сакаме да им се лутиме дека не се трудат доволно и дека не се активни, мислам дека се ставени меѓу два огна, системот и родителите. Колку и да се трудат наставниците, ако системски не се смени начинот на образование, сѐ повеќе ќе гледаме проблематични не само деца, но и состојби кои сѐ повеќе ќе се гледаат како проблем“, вели Ирена.

Еден од проблемите за кој се нема желба и слух да се реши е Регистар на лицата со посебни потреби, како основна системска алатка.

„Кога системот тоа не може да го овозможи, каде ќе одиме понатаму?“, прашува Ирена.

„Јас лично системот со нула го бројам. За менталното здравје, психолошката поддршка на децата и на родителите, не можеме да зборуваме, нема. Оваа година за првпат ќе имаме во центарот таков вид на услуга. Парите ги собравме со настан на улица, на Василица, каде творбите на децата се продаваа. Требаше и други луѓе да се ангажираат, само за да собереме пари да го платиме психологот. Значи, ние правиме нешто, затоа што велиме, таму нема веќе што да чекаме“, изјави Ирена.

Ирена во моментот работи со семејства на нивна интеграција, како ментор чија програма трае минимум три месеци.

„Кога ќе видиш на крајот на денот поспокојни родители, дека веќе знаат каде тргнале и на каде се движат, пренесувајќи го моето искуство. Има толку многу информации, јас лично само тоа што сум го преживеала можам да го дадам како насоки и совет. Таму не можеш да потфрлиш. И ако нешто не знаеш, едноставно го даваш тој одговор. Не знам“, вели Ирена.

Стравот и дистанцирањето особено од децата со аутизам е уште присутно како чувство кај луѓето кои според Ирена, не разбираат доволно или не знаат што е тоа аутизам. Оттаму е повлеченоста на родителите и обидот на некој начин да ги заштитат децата од светот.

„Едно е кога ќе видиш деца со видлива, физичка попреченост, па си во некаква рамка како да се однесуваш. Со скриените попречености како аутизам, АДХД, дислексија е поинаку. Факт е дека бројките се огромни. Денеска ако прашате некој  дали познаваш некој што има дете со некаква попреченост, секој има… во комшии, меѓу роднини… секој веќе е допрен. И тоа е една од причините за кои велиме дека има поголема инклузија, мора да научат по нешто затоа што им е тука во околината. Но, дали знаат како да се подготват? Не. Треба поинаков пристап кон себе за да се биде инклузивно свесен. Не треба да знаете сѐ. Само треба да бидете отворени да прашате дали можете да помогнете, дали треба или едноставно да се повлечете“, вели Ирена.

Според неа, долг е патот за постигнување поголема инклузивна свест: Јас се помирив дека јас тоа нема да го доживеам. Мене ќе ме нема, но инклузивна свест нема да има каква што посакуваме.

Ирена Лозана можете да ја следите на Јутуб каде во поткастот „Ираинспирира“ има една цел: „Да им помогнеме на следните генерации да создадат поубав свет од оној кој им го оставаме“.

Биљана Јордановска

камера и монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Tags: деца со посебни потребиинклузивна свестинклузијаИрена Лозана
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ