• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: По САД, и Швајцарија ги прекина програмите за помош за Албанија; Косовската влада одвои 500 илјади евра за Газа; ЕП повикува на нов поттик во дијалогот Косово-Србија

January 31, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: По САД, и Швајцарија ги прекина програмите за помош за Албанија; Косовската влада одвои 500 илјади евра за Газа; ЕП повикува на нов поттик во дијалогот Косово-Србија

January 31, 2025 13:21
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во албанските медиуми денеска брануваше веста за прекинувањето на програмите за помош на Албанија, од страна на Швајцарија. Ова се случува веднаш по прекинот на помошта од САД.

Во Тирана опозицијата повторно протестира барајќи оставка од актуелниот градоначалник Ерион Велиај, бидејќи е под истрага на Специјалното обвинителство за 4 кривични дела.

Косовската влада денеска соопшти дека ќе додели финансиска помош од 500 илјади евра за Газа, известуваат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Факс веб: САД и Швајцарија ги прекинаа програмите за помош за Албанија

По Соединетите Американски Држави, и Швајцарија ја прекина помошта за Албанија, во обид да ги преиспита нејзините трошоци.

Министерството за надворешни работи на Швајцарија соопштува дека Владата одлучила да ги стопира програмите за помош за развој, кои зафаќаат три земји, Албанија, Бангладеш и Замбија. Ова, откако швајцарскиот парламент одлучи да одобри помалку средства за странска помош отколку што бараше владата.

Агенцијата „Свис инфо“ вели дека Собранието скратило 110 милиони швајцарски франци од буџетот за меѓународна соработка за 2025 година и 321 милион швајцарски франци од финансискиот план за годините 2026 до 2028 година, пренесува Факс веб.

Албеу: Опозицијата повторно протестира со барање оставка од градоначалникот Велиај

Денеска пред објектот на Општина Тирана ќе се одржи следниот протест на опозицијата на кој се бара оставка од градоначалникот Ерион Велиај бидејќи овој е под истрага на Специјалното обвинителство за 4 кривични дела.

Опозицијата одржа десетици протести пред градското собрание на главниот град, со единствена цел Велиај да поднесе оставка и да и се предаде на правдата, бидејќи е обвинет за непријавување и прикривање имот, перење приходи од криминал и активна и пасивна корупција, пренесе Албеу.

Еуроњуз: ММФ и предлага пензиски реформи на албанската влада: Населението старее

Меѓународниот монетарен фонд и предлага на албанската влада да преземе вистинска реформа во пензиската шема.

Во последниот извештај се наведува дека ревизијата останува главен приоритет, иако дефицитот на пензиската шема во моментов е на историски ниско ниво.

ММФ проценува дека, со оглед на тоа што пензиските обврски ги надминуваат придонесите, пензискиот систем на Албанија веќе се соочува со дефицит, а притисоците на трошењето се очекува да се зголемат со стареењето на населението во земјата, пренесе Еуроњуз.

КОСОВО

Телеграфи: Владата на Косово издвојува половина милион евра за Газа

Владата на Република Косово одобри доделување на 500 илјади евра за Газа.

Оваа одлука за доделување половина милион евра за Газа е донесена на владината седница.

Премиерот  Албин Курти пред владиниот кабинет изјави дека на палестинскиот народ му е потребна хуманитарна поддршка.

Тој рече дека Владата на Косово го поздравува договорот за прекин на огнот постигнат во Газа и како резултат на овој договор се создава можност за испраќање помош за палестинскиот народ, пренесе Телеграфи.

Приштина прес: Нормализација на односите Косово-Србија- Комитетот на ЕП бара да се даде нов поттик на дијалогот

Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент ја одобри Предлог-резолуцијата на ЕП за спроведување на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, каде што беше упатен повик за усогласување на кандидатите за членство со оваа политика и беше нагласено дека проширувањето на ЕУ е геостратешка инвестиција, пренесе Приштина прес.

Кога станува збор за дијалогот меѓу Косово и Србија, напредокот во тој процес е добредојден, особено на полето на слободата на движењето и енергијата, но се изразува жалење за недостигот на напредок во спроведувањето на патот кон нормализација на односите и повици за вложување напори и капацитети во нормализирање на односите.

Во усвоените амандмани од високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност се бара да излезе од ќорсокакот и да даде нов поттик на дијалогот, како и да дизајнира нов, иновативен и избалансиран пристап во медијацијата меѓу двете страни.

КОЛУМНА

Панорама: „Современиот „терор“ на неочекуваното“

Теророт има различни лица, но во сите случаи им служи на оние кои се на власт да ја канализираат, одржуваат и зајакнат својата моќ. Големата моќ на претседателот Вучиќ во Србија веќе ги тера милитантите да се осмелат и да успеат физички да ги удрат демонстрантите неколку пати на најжестоки начини.

Навидум спорадични поврзани со друга балканска престолнина, но од оние што ги упатуваат медиумите од соседната земја, би требало да бидеме загрижени за состојбата на официјално Скопје. „Невидливата сила“ во Северна Македонија што им се покажува на Албанците влијае на највисоката институција за историски опстанок и чест, а тоа е албанскиот јазик.

Во Албанија, современиот „терор“ е поврзан со многу аспекти, од „стравот“ од доаѓањето на опозиција, која навистина имала проблеми со администрацијата на власта; како и во многу правци, каде денешната влада на Рама се соочува со своите институции.“, пишува Авторот Бен Андони во колумната „Современиот „терор“ на неочекуваното“, објавена во албанскиот дневник Панорама.

Подготви: Д. Тахири

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ