• Latest

Пратеничките групи на партиите од власта поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието

February 7, 2025
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пратеничките групи на партиите од власта поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието

February 7, 2025 12:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничките групи на партиите од власта ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ денеска до законодавниот дом поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет кои се бираат од страна на Собранието.

-Дополнително, сакам да потсетам дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата гласаше против Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2023 година и тој не беше усвоен од страна на Сoбранието. Тоа доволно говори и е само една од многуте причини поради која што денеска ја поднесуваме оваа интерпелација. Европската унија и јавноста во Република Македонија постојано укажуваат на сериозни недостатоци во работата на Судскиот совет, особено во односот на независноста, транспарентноста и отчетноста. Овие забелешки се од клучно значење за процесот на реформи во рпавосудствниот сектор и напредок на земјата кон членството во ЕУ, рече на денешната прес-конференција Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Потенцира дека досега очекувале Судскиот совет сам да покрене иницијативи за разгледување на Извештајот.

-Имено член 100 став 8 од Законот за Судски совет предвидел дека доколку Собранието на Република Македонија не го усвои Извештајот за работата на Судскиот совет а тој истиот не е усвоен, тоа ќе биде основа за поведување расправа пред органите кои што ги избрале членовите на Судскиот совет за нивната работа во Советот. Имено, согласно тој член сами требале да ја почнат работата за разгледување на негативниот извештај кој дошол од Собранието, кој бира пет од 13-те членови од самиот Совет. Мораме да најдеме некој тригер да почнеме со одредена иницијатива, нас законот ни го дава за дел од членовите кои што ние ги имаме избрано во Собранието, затоа што на начинот на кој што се избрани истите тие претставници кои ги бираат имаат право да разговараат и да зборуваат за нивната работа. по изгласувањето на интерпелациите, ќе ги видиме следните чекори од страна на Судскиот совет, рече тој.

Според Мицевски, решавањето на овие предизвици е непходно за враќање на довербата во судскиот систем и за зацврстување на владеењето на правото.

-Судскиот совет кој што е клучна инситуција за функционирањето на правната државаи одржувањето на владеењето на правото во Македонија. Затоа, секоја сенка на сомнеж  во работата на неговите членови мора да биде темелно анализирана, а јавноста треба да биде уверена дека Советот работи чесно, професионално и во интерес на граѓаните. Наша цел е да дадеме придонес и да направиме се што е во рамките на нашите уставни и деловнички надлежности и можности за да овозможиме подобар, поефикасен и независен правосуден систем кој што ќе значи и ќе донесе голема правда за секој еден граѓанин на Македонија подеднакво, рече Мицевски.

Упати порака дека е време за да воведе ред во руинираниот македонскиот правосуден систем преку сериозни реформи и коренити промени кои, како што рече, „ќе значат почеток на крајот на досегашните злоупотреби, неправди, разочарувања и негативни пракси во судството во Македонија“.

Побара поддршка од сите опозициски парламентарни партии и сите други пратеници за овие измени.

Извор и Фото: МИА 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ