• Latest

Пратеникот и лидер на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов е дел од системот што убива и мора да понесе одговорност, обвинува опозицијата

February 7, 2025

24 ЧАСА: Рамковниот и по 24 години потпалува националистички страсти; Украина не се откажува од Донбас, дециден Зеленски; протести на Алјаска против средбата Трамп-Путин

August 13, 2025
Фото Б. Јордановска/ ЦивилМедиа

Фики Гаспар за ЦИВИЛ Медиа: Децата не треба да се дел од кампањи, ниту од било каква политичка пропаганда

August 13, 2025

Медиумите не може повеќе да се пријават за платено политичко рекламирање за локалните избори

August 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа.

Без експерти во просторијата: Трамп ќе се сретне со Путин во Алјаска без специјалисти за Русија во неговиот тим

August 13, 2025

Литванија ќе обучува 22.000 луѓе, вклучувајќи деца на возраст од осум години, како да градат и управуваат со дронови за да им се спротивстават на заканите од Русија

August 13, 2025
Фото: МИА архива

Уставниот суд оформи предмет во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија

August 13, 2025
Христијан Мицкоски и вицепремиерот Изет Меџити на свечениот прием по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Фото: Влада на Република Северна Македонија/ Фејсбук

И по 24 години од потпишувањето, Рамковниот договор се користи за потпалување на националистичките страсти пред изборите

August 13, 2025
Фото: ВИ

Мрачни денови за Македонија: Брат го уби братот, син ја закла мајка си, малолетник со калашников остави крвав траг

August 13, 2025
Фото: Архива

Формирана Комисијата за селекција на кандидатите за претседател на ДКСК, со работа ќе продолжи по локалните избори

August 13, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Затворањето на албанската телевизијата „Њуз24“ испраќа загрижувачки сигнал; Само пет хеликоптери ги гаснат огромните пожари во Албанија; Експлозија во јужна Митровица

August 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пратеникот и лидер на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов е дел од системот што убива и мора да понесе одговорност, обвинува опозицијата

ЦИВИЛ Медиа го праша пратеникот Попов за коментар за обвинувања дека во 2014 година возел пијан, без возачка дозвола и предизвикал сообраќајка во која повредил жена, но до објавување на текстот не добивме никаков одговор.

February 7, 2025 13:25
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Сергеј Попов, актуелен пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, во 2014 година возел пијан, без возачка дозвола и предизвикал сообраќајка во која повредил жена! Поради ова е осуден за тешко кривично дело – возење без дозвола, под дејство на алкохол и предизвикување тешка сообраќајна несреќа. Вакво неморално однесување е во суштина идентично како однесувањето на сторителот на сообраќајката на младата Фросина. Со тоа што убиецот на Фросина е во затвор, а Сергеј Попов е пратеник од ВМРО-ДПМНЕ“, истакна на пресконференција Трајче Стојчевски – претседател на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ).

Тој додава дека вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ е сосема спротивно на се што младите сакаат и за што се борат и залагаат.

„После ова ниту Попов ниту ДПМНЕ немаат право јавно да ги повикуваат младите, ниту на протести ниту да ветуваат промени. Не може осуден за несовесно возење без положен возачки испит, за возење под дејство на алкохол и за предизвикување сообраќајна несреќа, да зборува за правда и системски реформи. Заради таквите како него младите се незадоволни и се на улиците.

Сергеј Попов е дел од системот што убива и мора да понесе одговорност, да си даде неотповиклива оставка од функцијата пратеник и оставка од функцијата претседател на вмровската УМС. Младите заслужуваат одговорни и чесни претставници без скандали и кривични пријави зад себе“, додава претседателот на социјалдемократската младина.

Од партијата Левица вчера објавија Пресуда според која Попов предизвикал тешка сообраќајна несреќа, повредувајќи невина жена.

„Лицемерниот Сергеј Попов (кој е син на актуелниот претседател на МАНУ) деновиве јавно повикува на протести против убијците и возачите кои удираат, повредуваат или убиваат пешаци, а и самиот е виновен за вакво кривично дело“, велат од Левица.

ЦИВИЛ Медиа го праша пратеникот Попов за коментар за обвинувања дека предизвикал сообраќајна несреќа каде е повредено едно лице, но до објавување на текстот не добивме никаков одговор.

Дехран Муратов

Фото: Фејсбук на Сергеј Попов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • 24 ЧАСА: Јахта-пропаганда и предизборен спин; Мицкоски контра Меџити за УЧК; Пет новинари убиени во Газа

    85 shares
    Share 34 Tweet 21
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ