Европските лидери се собираат во Франција на итен самит за Украина, откако администрацијата на Трамп објави дека започнува разговори со Русија за завршување на војната без европско присуство, објави Си-ен-ен, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Лидерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер, рече дека состанокот во Париз бил „еднаш во генерација“ момент за националната безбедност по објавувањето на планот на Вашингтон за разговори со Русија, што предизвика загриженост во Кијив и низ Европа дека украинските и европските лидери ќе бидат заобиколени во мировните преговори.
Ставот на Трамп кон рускиот претседател Владимир Путин и коментарите на американските официјални претставници за Украина и НАТО, ја зголемија вознемиреноста во Европа дека визијата на Вашингтон за брз крај на војната ќе овозможи клучни отстапки за Русија.
Подготви: Д.Мишев