• Latest
Фото: Укринформ

САД предложија своја Резолуција на ОН за Украина, спротивна на европската

February 22, 2025
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026

Два јубилеи и една дијагноза

August 14, 2026
Сумска област, Украина, 14 август 2026 (фото извор: Сумска ОВА)

РУСКИ ТЕРОР: Станбена зграда во Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

August 14, 2026
Петрит Сарачини, претседател на Институт за медиуми и аналитика (ИМА), Скопје, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Сарачини: Влијанието што го има во Македонија, Србија го користи како чип во играта со Западот

August 14, 2026

Водата се прочистува, но довербата останува загадена: Гостивар по најголемата здравствена криза

August 14, 2026

Путин, криптото и следната будала

August 14, 2026

Мехмети: Охридскиот договор не е привилегија, туку основа за внатрешна стабилност

August 14, 2026
Водителки креирани со вештачка интелигенција - ТВ Хепи

Вештачка интелигенција прилагодена за ТВ „Хепи“ и „Информер“

August 14, 2026
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Бидете добар Самарјанин за нас: Во што се состои пораката на отец Бережној од Православната црква на Украина до Македонската православна црква

August 14, 2026

ПР-от не може вечно да ја прикрива реалноста

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

САД предложија своја Резолуција на ОН за Украина, спротивна на европската

February 22, 2025 09:12
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Укринформ

Фото: Укринформ

Share on FacebookShare on Twitter

САД вчера  предложија нацрт-резолуција на Обединетите нации за одбележување на третата годишнина од руската инвазија на Украина, а предлогот на  Вашингтон е во спротивна насока на напорите на Украина и европските сојузници да имаат свој текст усвоен во понеделник од Генералното собрание, јавува Ројтерс, пренесе ЦИВИЛ Медиа.

Американскиот претседател Доналд Трамп започна обид да посредува за ставање крај на војната во Украина, што предизвика несогласување со украинскиот претседател Володимир Зеленски и ја зголеми загриженоста кај европските сојузници дека Украина и Европа би можеле да бидат исклучени од мировните преговори.

Според Ројтерс, во кратката американска нацрт-резолуција од три параграфи, се изразува жалење за загубените животи за време на „руско-украинскиот конфликт“ и инсистира  „дека основната цел на Обединетите нации е одржување на меѓународниот мир и безбедност и мирно решавање на споровите“.

Во текстот исто така се бара брз крај на конфликтот и дополнително бара траен мир меѓу Украина и Русија.

Русија предложи амандман на таа линија, што гласи „бара брз крај на конфликтот, вклучително и со решавање на неговите основни причини, и дополнително повикува на траен мир меѓу Украина и Русија“, велат извори на Ројтерс.

Амбасадорот на Русија во ОН, Василиј Небензија, го оцени предлогот на САД како „добар потег“. Руски дипломат, кој сакаше да остане анонимен, рече дека доколку рускиот амандман биде усвоен од Генералното собрание, тогаш Москва ќе гласа за резолуцијата на САД.

Небензија рече дека бил информиран од САД пред нацртот да биде достапен до Генералното собрание од 193 члена.

Генералното собрание  треба да се состане во понеделник за да гласа за текстот подготвен од Украина и Европската унија, кој повикува на деескалација,  ран прекин на непријателствата и мирно решение во согласност со основачката Повелба на ОН и меѓународното право.

Украина и ЕУ преговараа со земјите-членки на ОН во изминатиот месец. Резолуциите на Генералното собрание не се обврзувачки, но имаат политичка тежина, одразувајќи го глобалниот поглед на војната. Ниту една земја нема право на вето во собранието.

Во текстот на Резолуцијата  на Украина и на ЕУ се потврдува потребата за спроведување на претходните резолуции на ОН со кои се бараше Русија да ги повлече своите трупи од меѓународно признатата територија на Украина и инсистираше Москва да ги прекине непријателствата.

Генералното собрание усвои шест резолуции за конфликтот во првата година, осудувајќи ја Москва и барајќи од Русија да ги повлече сите свои војници. Резолуцијата во октомври 2022 година, која го осудува рускиот „обид за нелегална анексија“ на четири региони во Украина, доби најголема поддршка со 143 држави кои гласаа „за“.

Д. Т.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ