На форумот што ќе го организираат Медакт и Меѓународната организација на специјалисти за превенција од нуклеарна војна (IPPNW), учесниците ќе се едуцираат за градење на мирот, социјална правда и разоружување.,
Како дел од настанот организиран е и натпревар за кој, организаторите упатуваат отворен повик до академската заедница и до активистите низ светот, да испратат научни трудови или постери на зададени теми.
Упатен е и повик за сугестии околу организацијата на настанот и сугестии за дополнителни теми за разговор, преку предавања или панел-дискусии.
Крајниот рок за доставување на трудовите и постерите е до 31 март, и тие треба да се испраќаат на адреса: [email protected]
Настанот ќе се одржи во септември 2017 година. Медакт и Меѓународната организација на специјалисти за превенција од нуклеарна војна (IPPNW) ќе ги соберат на едно место претставниците на организациите од светот кои се активни во областите на здравјето и мирот, за да дебатираат и да (се) едуцираат за градење на мирот, за социјалната правда и за разоружување. Ќе се дискутира за корените за избивање на конфликти, на насилство и на војни, низ експертски панел-дискусии, работилници и академски сесии.
„Здравје преку мир 2017“ обезбедува единствена можност за претставници од здравствени институции, студенти и мировни активисти, да бидат дел од тридневната програма во Јорк Универзитетот.
Повеќе информации за настанот на линкот: https://www.medact.org/project/forum-2017/