• Latest
Министерство за надворешни работи на Украина

Украина се заблагодари и го поздрави усвојувањето на резолуцијата на ОН за сеопфатен, праведен и одржлив мир

February 25, 2025
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026

Два јубилеи и една дијагноза

August 14, 2026
Сумска област, Украина, 14 август 2026 (фото извор: Сумска ОВА)

РУСКИ ТЕРОР: Станбена зграда во Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

August 14, 2026
Петрит Сарачини, претседател на Институт за медиуми и аналитика (ИМА), Скопје, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Сарачини: Влијанието што го има во Македонија, Србија го користи како чип во играта со Западот

August 14, 2026

Водата се прочистува, но довербата останува загадена: Гостивар по најголемата здравствена криза

August 14, 2026

Путин, криптото и следната будала

August 14, 2026

Мехмети: Охридскиот договор не е привилегија, туку основа за внатрешна стабилност

August 14, 2026
Водителки креирани со вештачка интелигенција - ТВ Хепи

Вештачка интелигенција прилагодена за ТВ „Хепи“ и „Информер“

August 14, 2026
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Бидете добар Самарјанин за нас: Во што се состои пораката на отец Бережној од Православната црква на Украина до Македонската православна црква

August 14, 2026

ПР-от не може вечно да ја прикрива реалноста

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Украина се заблагодари и го поздрави усвојувањето на резолуцијата на ОН за сеопфатен, праведен и одржлив мир

Коментар на Министерството за надворешни работи на Украина за усвојувањето на резолуцијата на Генералното собрание на ОН „Унапредување на сеопфатен, праведен и одржлив мир во Украина“

February 25, 2025 13:11
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Министерство за надворешни работи на Украина

Министерство за надворешни работи на Украина

Share on FacebookShare on Twitter

На 24 февруари 2025 година, Генералното собрание на ОН усвои резолуција „Унапредување на сеопфатен, праведен и одржлив мир во Украина“, која претставува уште еден цврст сигнал од меѓународната заедница во поддршка на суверенитетот, независноста, единството и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници, вклучувајќи ги и нејзините територијални води. 93 држави гласаа „за“, 18 „против“, а 65 држави се воздржаа, соопшти Министерството за надворешни работи на Украина.

„Го поздравуваме усвојувањето на овој документ, со кој земјите-членки на ОН ја потенцираат неопходноста од постигнување на сеопфатен, праведен и одржлив мир во Украина во согласност со Повелбата на ОН, вклучително и нејзините принципи на суверена еднаквост и територијален интегритет на државите, како што е нагласено во резолуцијата ES-11/6 од 23 февруари 2023 година“, пишува во соопштението на украинското МНР.

Понатаму, во соопштението се истакнува фактот дека Генералното собрание на ОН ја нагласи потребата од целосно исполнување на нејзиното барање до Руската Федерација – веднаш, целосно и безусловно да ги повлече сите свои вооружени сили од територијата на Украина во нејзините меѓународно признати граници, како и нејзиното барање да престанат воените дејствија на Руската Федерација против Украина, особено нападите врз цивилното население и цивилните објекти.

МНР на Украина го издвојува и делот во Резолуцијата во кој беше упатен повик за итен прекин на нападите врз критичната енергетска инфраструктура, кои го зголемуваат ризикот од нуклеарни несреќи или инциденти.

„Усвоената резолуција ја потврдува потребата од обезбедување одговорност за најтешките злосторства, извршени на територијата на Украина, во согласност со меѓународното право, преку спроведување соодветни, праведни и независни истраги и судски постапки на национално или меѓународно ниво, како и обезбедување правда за сите жртви и спречување на идни злосторства“, се вели во соопштението.

МНР на Украина изрази благодарност до државите-членки на ОН кои го поддржаа овој документ во контекст на сложената геополитичка ситуација и тензиите што се чувствуваа во Генералното собрание на ОН.

„Ви благодариме за принципиелноста во одбрана на принципите и вистината, и покрај притисокот од некои влијателни држави-членки и нивните барања да не се гласа за резолуцијата предложена од Украина и нејзините партнери“, пишува во соопштението.

Според Министерот за надворешни работи, Андриј Сибига, и покрај сите пречки, украинската дипломатија ја докажа својата способност да ги брани принципите и вистината.

Понатаму во соопштението се потенцира дека Министерот за надворешни работи на Украина изрази благодарност до европските колеги за заедничката дипломатска работа и истакна дека денешното гласање ја покажа новата сила на Европа и сите истомисленици што навистина го почитуваат меѓународното право и Повелбата на ОН.

Министерството за надворешни работи на Украина им е благодарно на сите партнери што вложуваат напори за постигнување мир во согласност со Повелбата на ОН и меѓународното право. Украина, заедно со меѓународната заедница, ќе продолжи да работи на спроведување на одредбите од оваа резолуција, соопшти Министерството за надворешни работи на Украина.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ