• Latest
Ерол Ризаов

Си игра ли Мицкоски американско-руски рулет

February 25, 2025
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Си игра ли Мицкоски американско-руски рулет

Самоубиствен чин на еден тазе премиер од Балканот кој од светската политика на интереси на атомските сили се разбира колку „глув“ од воена музика, па сам си ја вметна својата татковина меѓу чеканот и наковалната

February 25, 2025 18:30
in ПОЛИТИКА, ПРОЦЕСИ, СТАВОВИ
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter

ЕРОЛ РИЗАОВ

Можат претседателите на најмоќните светски велесили, Доналд Трамп и Владимир Путин, да ја кројат светската и европската мапа како што сакаат, штом на пристојна одалеченост внимателно со воздржаност им е на припомош и кинескиот претседател Ши Џинпинг. Можат да склучат мир по нивна мерка кој до каде ќе се протега. Им се може  да прогласуваат кој е агресор, а кој миротворец и дека јагнето му ја мати водата на волкот.

Ќе се раскусурат големите сили на туѓа сметка поместувајќи граници на кој што му припаѓа со нивниот аршин како што обично бивало во поблиската, подалечна, а ќе биде и во идната историја на човештвото. Можат Обединетите нации да изгласаат какви сакаат резолуции, како и многу пати досега, ама тие не важат за големите сили.

Ама, што таму бара, „ничим изазван“ еден пион во првиот ред на публиката на кој Трамп му тутнал во рацете револвер со осум од девет куршуми да си игра руски рулет и да пука во слепоочницата на Македонија. Самоубиствен чин на еден тазе премиер од Балканот кој од светската политика на интереси на атомските сили се разбира колку „глув“ од воена музика, па сам си ја вметна својата татковина меѓу чеканот и наковалната. Си умислил човекот дека храбрите постојано ги прати среќа, па се оддал на комар со судбината на својот многу сакан  народ.

Во моментот Македонија е во пат позиција со исчекување премиерот Христијан Мицкоски да ја погоди празната дупка на буренцето кога ќе го чкрапне американскиот колт и така да ја куртули кутра Македонија. Чекаме спас од ќор-фишек како овци пред индустриска кланица.

Ѝ кажавме ли збогум на Европа

Премиерот Христијан Мицкоски прифатил Македонија да биде коспонзор со уште Унгарија, Грузија и Израел на резолуцијата на  САД во Генералното собрание на ОН и со тоа да заврши војната меѓу Русија и Украина и да се постигне траен мир. Ќе речете, во тоа нема ништо лошо. Се разбира, веста ќе беше прекрасна ако немаше јадец. По тригодишниот ужас, страотни разорувања и стотици илјади човечки жртви најмногу Украина сака мир. Европа и целиот свет уплашен од нуклерна војна сакаат крај на војната. Проблемот беше во содржината на американската резолуција каде што место окупација, или воена агресија, војната се сведе на „конфликт“. Ништо не пишуваше во резолуцијата на САД за повлекување на руските војници од украинска територија и не се бараа гаранции за територијалниот интегритет на Украина.

Можевме и на ова да замижеме и да се тргнеме од тревата која најмногу страда кога се сексаат слоновите. Но, што направи Мицкоски, се истопори кај што не му е местото. Ѝ кажа збогум на Европа. Му удри во глава еуфоријата откако  Крис Павловски, извесен американски милијардер со македонско потекло, кажа дека Мицкоски е  најголем лидер на Балканот. Ракувањето со луѓе од вториот ешалон на претседателот Трамп му се причини дека Македонија ќе биде олрајт, па заборави дека се наоѓаме во Европа и дека сме исполниле обврски и веќе од поодамна имаме  заедничка надворешна политика со ЕУ.

Со еден непромислен чекор Мицкоски ја напушти таа тешко стекната придобивка и со ваква необмислена поддршка на американската резолуција застана против ЕУ и Украина, сосема непотребно како залутан аџамија во светската политика.

И што се случи. Фијаско. Резолуцијата на САД, коспонзорирана и од Македонија, не помина на гласањето во Генералното собрание на ОН. Падна во вода резолуцијата со која се повикува крај на војната без споменување на руската агресија. Собранието ја усвои украинската резолуција поддржана од ЕУ, со која се бара Русија веднаш да се повлече од Украина. А резолуцијата за која Македонија стана и коспонзор – по усвоените амандмани на крајот не ја гласаа ни САД. Сите од Западен Балкан беа за резолуцијата на Украина поддржана од ЕУ, освен Македонија.

И сега што следува понатаму. Европа, како и секогаш во историјата, во догледно време ќе најде решение во односите со Америка, па и со Русија. Ќе ја нарекуваат лицемерна, па и вавилонска ороспија, ама таа ќе ги среди своите односи со Америка и западниот свет. На Македонија ова „предавство“ нема да ѝ го простат, а и Америка нема многу да ја боли главата за интересите на Македонија.

Кого ќе поддржи Трамп – Бугарија или Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски кој многу сака да зборува за неправдата што ни се прави од неправедниот свет и што постојано бара некакви гаранции ќе треба да ѝ објасни на македонската јавност какви гаранции му дал американскиот претседател Доналд Трамп за иднината на државата по неговите антиевропски активности и избрзани одлуки. Дали претседателот Трамп ќе размислува повеќе од десет секунди ако дојде во ситуација да бира дали да застане зад Бугарија, или зад Македонија ако се придржува на својата цврста предизборна определба: пред сѐ интересите на Америка. Дали трансакцискиот претседател Доналд Трамп повеќе ќе води сметка за зделката со која Бугарија плати 2,5 милијарди евра за набавка на16 борбени ловци „Ф-16 Блок 70“, од кои едниот веќе го презеде. Или за набавката на резервни делови за скромната американска  воена опрема што ја има Македонија.

Не треба човек многу да ги познава сферите на интереси за да погоди дека Америка секогаш ќе биде понаклонета на Бугарија, отколку на Македонија. Дали Мицкоски заборавил дека во првиот мандат на Трамп како претседател на Америка пред премиерот Зоран Заев го прогласи Преспанскиот договор како најголемо историско достигнување на Балканот по Дејтонскиот договор за Босна. Дали тоа значеше поголема поддршка на Грција отколку на Македонија при што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со своите приврзаници сѐ уште се на ставот дека тоа беше предавство на националните интереси. Додуша тоа веќе не го кажуваат гласно.

Колкава ќе биде еуфоријата во Македонија ако еден ден во блиска иднина уследи изјавата на претседателот Трамп во неговиот втор мандат дека Договорот за добрососедство со Бугарија е одлично решение и мора да се примени во практиката. Ќе одекнат ли повторно антиамериканските зурли во Македонија кои замолкнаа за Преспанскиот договор кој се претвори во многу добар без потреба ништо да се менува во него, иако не мислат така.

Сега ечат трубите со поддршка на „новото време“ каде стасавме во првиот ред, како што вели Мицкоски, со големи очекувања дека Америка ќе ја направи Македонија најбогата земја на Балканот, како што ни приопшти неодамна од чиста мира нашиот премиер. Мижи Асан да ти бајам.

Гласањето во Генералното собрание на ОН, кое деновиве ќе се анализира од разни агли за земјите кои беа час „за“, час „против“, час „воздржани“ треба да биде добра лекција да престанеме да изигруваме улога на приврзок, туку да се свртиме кон нашите интереси со принципиелни ставови на нашата европска припадност. Така ќе бидеме повеќе почитувани.


Текстот е личен став на авторот. Преземено од Независен.мк
Tags: Владимир ПутинГенерално Собрание на ОНДоналд ТрампХристијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ