• Latest

Реакции: Москва го обвинува Запад, ОБСЕ бара владеење на правото!

March 2, 2017
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Реакции: Москва го обвинува Запад, ОБСЕ бара владеење на правото!

March 2, 2017 17:00
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Не стивнуваат реакциите на меѓународната заедница, по вчерашната прес-конференција на Ѓорге Иванов, на која, по два дена исчекување, изјави дека сепак, нема да го додели мандатот за формирање влада на Зоран Заев, претседателот на СДСМ.

„Резултатите од декемвриските избори се солидна основа да се формира влада која ќе им служи на интересите на сите граѓани“, “Владеењето на правото море да надвладее. Ќе го посетам Скопје следната недела, ќе се сретнам со официјални лица, политичари и граѓанското општество“, стои во двете пораки кои ги објави генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, на својот Твитер профил.

И Европските социјалисти во Европскиот Парламент со осуда за одлуката на Иванов. Потпретседателот на Групата на европските социјалисти Виктор Боштинару и Тонино Пицула, известувач во сенка на Европските социјалисти во Македонија, со заеднички став дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со Иванов се спремни да ги искористат сите средства кои ги имаат на располагање да избегнат да одговараат пред СЈО и се користат со неуставни средства за да ја спречат опозицијата да дојде на власт.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи на својот Фејсбук профил напиша дека е загрижувачко тоа што се случува во моментов во Македонија.

„Со својата одлука, претседателот Иванов ја погреба демократијата, не признавајќи ја на тој начин волјата на граѓаните, Уставот и законите и го погреба Охридскиот договор. Албанците и Македонците се народи кои учествуваат во изградбата на државата и Македонија треба да биде држава на сите нејзините граѓани. Без еднакви права на Албанците и Македонците, се губи смислата на функционирањето на државата Македонија. На крајот, Албанците треба да ја земат судбината на своите права во свои раце“, смета Тачи.

По реакцијата на Еди Рама, премиерот на Албанија, и Министерство за надворешни работи на Албанија, синоќа одржало вонредна седница. Како што објавуваат албанските медиуми, на средбата биле договорени наредните чекори кои ќе ги преземе официјална Тирана за најновите состојби во Македонија.

Официјална Москва, до овој момент е единствена која во своето последно соопштение не ја осудува одлуката на Иванов да го прекрши Уставот и законите.

„Запад, преку албанското малцинство, се обидува да ја донесе на власт во Скопје поразената опозиција, која ставила потпис на ултимативните барања на Албанците кои водат кон поткопување на уставното уредување на земјата. Продолжувањето на деструктивните обиди да се наметнат однадвор шеми кои се во спротивност со волјата на македонските избирачи, може само да ја влошат ситуацијата“, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

 

Tags: IvanovАлбанијамандатОБСЕреакцииРусијаУстав
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ