• Latest

Судски совет: Нема пристрасност кај судијката Алексовска Стојановска, изречената воспитна мерка за Јованов согласно законот

February 26, 2025

Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

August 22, 2025
Фото: МИА Архива

Илјадници Италијанки жртви на сексуално насилство: Група на Фејсбук споделувала интимни фотографии на жени снимени без нивно знаење

August 22, 2025

Гутереш: Ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофа предизвикана од човекот“

August 22, 2025
Обновливи извори на енергија

Албанија пред Норвешка и Данска – европски шампион во обновлива енергија

August 22, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте од Кијив: Работиме на безбедносни гаранции за Украина за да спречиме повторен напад од Русија

August 22, 2025

24 ЧАСА: ДИК пресече – познат бројот на општински советници; ОН ја осудија бруталноста на српската полиција; Палестинците го предаваат оружјето во бегалски камп во Бејрут; ЦИВИЛ отвори повик за изборни набљудувачи

August 22, 2025

ДИК го усвои Регистерот на медиуми за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

РЕАКЦИИ: Приватното здравство – спас или профит на сметка на граѓаните?

August 22, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Високиот комесар на ОН ја осуди неоправданата употреба на сила од страна на српската полиција на протестите

August 22, 2025
Фото: Д. Мишев / Цивил Медиа

ДЗР: Просечна нето плата за јуни изнесувала 45.468 денари

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Судски совет: Нема пристрасност кај судијката Алексовска Стојановска, изречената воспитна мерка за Јованов согласно законот

February 26, 2025 14:42
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судскиот совет денеска усвои Извештај од спроведената работна посета на Основниот кривичен суд Скопје и Апелацискиот суд Скопје, при што утврди дека не бил прекршен законот при санкционирањето на Васил Јованов во случајот во кој му се судело за дрога. Јованов е обвинет и за прегазувањето на Фросина Кулакова на бул. „Партизански одреди“ во Скопје.

Како што беше соопштено на седницата, членовите на работната група на 7 февруари ги посетиле Кривичниот и Апелацискиот суд во Скопје при што извршиле увид во предметите и разговор со судијата Даниела Алексовска Стојановска и судијата известител Тања Милева од Апелацискиот суд Скопје.

– Во просториите на Основиот кривичен суд Скопје е извршен разговор со судијата Даниела Алексовска Стојановска и на прашањата кои беа актуелни во јавноста ни даде одговор дека нејзиниот сопруг работел во иста фирма „Искрател“ со мајката на обвинетиот од 2003 до 2008, во океански систем со 70 вработени, се познавале, но не биле пријатели, ниту куќни пријатели, ниту пак таа лично ја познавала мајката на обвинетиот. Во однос на издадениот деловен објект на партијата СДСМ во Ранковце појасни дека бил издаден од страна на нејзиниот татко многу одамна, а кој бил починат од 2018 година, досега немале ништо променето во однос на тој договор за закуп, а моментално куќата се водела по една третина на судијата, нејзината мајка и сестра, информираше претседателката на Комисијата Данка Ристова.

Комисијата, како што појасни, констатирала дека судијата Алексовска-Стојановска ја донела одлуката за изрекување заводска мерка согласно член 70 од Законот за правда на децата во кој е регулирано дека за време на пресудувањето на полнолетно лице кое не наполнило 21 година може да му биде изречена заводска мерка ако со оглед на неговата личност и околностите под кои е сторено делото може да очекува дека со воспитната мерка ќе се постигне целта што би се остварила со изрекување на казната.

– Од увидот во предметот, Комисијата утврди дека почитувајќи го принципот на презумпција на невиност во списите на предметот за обвинетиот постои дека обвинетиот е неосудуван, односно нема податоци за негова  осудуваност од казнентата евиденција, не се доставени податоци од ОЈО Скопје дека против него се водат кривични постапки, ниту пак, ОЈО Скопје достави решение дека во согласност  со оштетениот,  го одложил кривичното гонење за сообраќајна незгода која ја сторил обвинетиот односно за кривично дело за кое е пропишана казна затвор до три години ако осомичениот  е подготвен да  се однесува според упатствата на јавниот обвинител, што е предвидено како можност согласно член 43, став 1, од ЗКП, а како  факт дека вакво решение постоело беше и во јавните гласила потврдено од овластениот тужител. Податоците што работната група ги утврди од увидот во кривичната пријава од МВР, Единица  за недозволена трговија со дрога и луѓе, дека обвинетиот повеќепати е контролиран  поради поседување на растителна материја која во моментот на поднесување на пријавата во ОЈО Скопје не била вештачена, а во еден случај е пронајдена и одземена од обвинетиот и дигитална сива вага, според одредбите од ЗКП  не се доказ во кривична постапка и овие податоци судијата правилно не ги зела во предвид при пресудувањето. Зошто овие дејствија преземени од Едиицата за недозволена трговија со дрога и оружје не биле процесуирани со завршница е прашање за самите нив и за ОЈО Скопје, рече Ристова.

Решението со кое на обвинетиот му е укинат притворот, судечкиот судија го донел применувајќи ја одредбата од член 173, став 1, точка 5, од ЗКП, сметајќи дека кога на обвинетиот не му е изречена казна затвор треба поради изречената заводска мерка истото да биде укинато по службена должност кое  според изјавата на судијата како одлука било пракса во судот.

Тоа, како што наведе претсдателката на Комсијата, не можеле да го проверат бидејќи вакви предмети со изречена заводска мерка на помлад полнолетен сторител  се многу ретки. Решението со кое на обвинетиот му е укинат притворот не е обжалено од Основното јавно обвиителство Скопје.

Работната група му предложи на Судскиот совет да го достави извештајот до ОЈО Скопје и до Советот на јави обвиители.

– Наводите за  пристарасност при одлучувањето на судијата во однос на постоење на причини за изземање од член 33 од ЗКП оваа работна група смета дека испитаните околности не се од таков карактер да предизвикуваат сомневање во нејзината пристрасност и не се во рамки на предвидените причини за изземање од член 33, став 1 и 2 од ЗКП, наведе Ристова.

Апелациониот суд Скопје на 7 февруари ја одби како неоснована жалбата на Васил Јованов за ова дело, а жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја уважи и ја преиначи одлуката во затворска казна во траење од три години и десет месеци.

Одлуката по кривичниот предмет KЖ- 1047/24 била донесена на затворена седница на 5 февруари годинава.

– Решението на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1439/24 од 31.07.2024 година, го преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција – изречената заводска мерка Упатување во воспитно-поправен дом на начин што за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 1-една година и за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 в.в член 22 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 3-три години и согласно член 44 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, СЕ ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 3– три години и 10-десет месеци, соопшти тогаш Апелацискиот суд.

Извор: МИА / Фото: принтскрин

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ