Лажни закани со бомби, политички и социјални тензии во земјата, па и вооружени инциденти во регионот, воени жаришта во светот – тоа е накратко состојбата. Што мислите вие за безбедносната состојба во нашата земја? Дали се чувствувате безбедни?
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за безбедносната состојба во нашата земја?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа