ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Што мислите за безбедносната состојба во нашата земја?
Oд пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека Македонија е во предност што е членка на НАТО, во спротивно немирите се неизбежни. Еден од читателите смета дека со новото „нормално“ на Трамп сме безбедни, а многумина дека воопшто не се размислува колку ни е безбедна државата:
Ако замине НАТО ќе се испоколеме секој со секого. Мора некој да не чува, сами не знаеме. Мултиетнички Балкан.
Еве нека се тргне странскиот фактор од Балканот гарантирам дека од рок 2-3 дена војна ќе избие.
Не е умесно да поставувате такво прашање за држава која е дел од новото нормално на Трамп. Новото нормално, можеби, е нен„ормално, но затоа е безбедно што побезбедно не може да биде!
Не сме безбедна земја.
Со оглед на неповолните случувања во блиското соседство поврзани со извршување на пресудата за затворска казна на Додик, поточно наводите дека можно е Додик или да не е во земјата за време на правосилноста на пресудата или пак да не се согласи да оди во затвор, и фактот дека Вучиќ го свика националниот совет за безбедност, секако дека би требало да внимаваме на безбедносната состојба во земјата, посебно затоа што студентските протести во соседна Србија можно е да ескалираат уште повеќе.
Кога е оваа политичка гарнитура на власт стално имало немири. Како тие во 2001 година. Така да со дпмне и сѐ е можно.
Нели НАТО ни ја гарантира безбедноста!!!
Мислам дека никој не мисли на тоа.
Лоша, најлоша, само ние сме свесни што ќе ни дојде до глава на цела Македонија. Немаме никакво оружје, немаме војска, немаме ништо, сѐ уште се зезаме како ништо да не се случува.
Б. Ј.