Израел го блокираше влезот на целата хуманитарна помош во Газа поради барањето Хамас да се согласи со американскиот план за продолжување на примирјето, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Првата фаза од прекинот на огнот истече во саботата. Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Хамас досега одбивал да прифати привремено продолжување според предлогот на пратеникот на Доналд Трамп, Стив Виткоф.
Портпаролот на Хамас рече дека блокирањето на испораките за Газа е „евтина уцена“ и „државен удар“ на договорот за прекин на огнот и ги повика посредниците да интервенираат.
Палестинската група сака втората фаза од договорот да продолжи како што првично беше договорено, со ослободување на заложниците и палестинските затвореници и повлекување на израелските сили од Газа.
Таа претходно соопшти дека нема да се согласи на никакво продолжување на првата фаза без гаранции од американските, катарските и египетските посредници дека втората фаза на крајот ќе се одржи.
Доцна синоќа, канцеларијата на Нетанјаху соопшти дека Израел се согласил со американскиот предлог прекинот на огнот да продолжи околу шест недели за време на периодот на муслиманскиот Рамазан и еврејската Пасха.
Доколку на крајот од овој период преговорите влезат во ќорсокак, Израел би го задржал правото да се врати во војна.
Д. Мишев