• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: ТикТок од утре официјално се затвора во Албанија; Српскиот динар во Косово забранет во прописите, прифатен на пазарот; Операција за спас на имотот на криминалецот Радоичиќ

March 12, 2025
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: ТикТок од утре официјално се затвора во Албанија; Српскиот динар во Косово забранет во прописите, прифатен на пазарот; Операција за спас на имотот на криминалецот Радоичиќ

March 12, 2025 13:33
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Управата за електронски и поштенски комуникации (АКЕП) официјално побара затворање на пристапот до TikTok во Албанија. Преку е-пошта испратена до сите ентитети на интернет провајдерите (Интернет услуги), АКЕП побара да го блокираат пристапот до TikTok до 13 март, јавуваат албанските медиуми.

Владата на Косово начелно ја одобри иницијативата за склучување на рамковен договор за соработка во областа на одбраната меѓу Косово и САД, пренесоа косовските медиуми.

За денешното издание на АЛ –Прес, редакцијата ја одбра колумната „„Во Србија започна операцијата за спас на имотот на криминалецот Милан Радоичиќ“, од косовскиот автор Енвер Робели.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот  редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Арбреш: Од утре TikTok официјално се затвора во Албанија

Од 13 март 2025 година, TikTok нема да  функционира во Албанија.

Управата за електронски и поштенски комуникации (АКЕП) официјално побара затворање на пристапот до TikTok во Албанија.

Преку е-пошта испратена до сите ентитети на интернет провајдерите (Интернет услуги), АКЕП побара да го блокираат пристапот до TikTok до 13 март.

Забраната се очекува да трае 12 месеци или додека компанијата TikTok не преземе мерки за зголемување на безбедноста и ставање филтри на оваа платформа за социјално вмрежување.

Во писмото се наведува дека Националната управа за сајбер безбедност (АКСК) побарала преземање на неопходните мерки за блокирање на пристапот до апликацијата ТИК ТОК и нејзината дигитална инфраструктура на албанска територија, преземајќи ги следните дејствија: Блокирање на ИП на ТикТок на територијата на Албанија; Блокирање на DNS на TikTok на територијата на Албанија; Блокирање на SNI (индикации за името на серверот) на TikTok на територијата на Албанија; Блокирање на IP-адресите на компанијата ByteDance на територијата на Албанија, пренесе Арбреш.

Еуроњуз: Граѓанска прогноза за изборите, која партија ќе победи според нив?

Албанија го спроведе второто изборно мерењето во јануари 2025 година. Периодот на собирање податоци за второто изборно мерење на барометарот Euronews-Albania е од 15 до 25 февруари 2025 година.

Без разлика за кого ќе гласате или не, која партија мислите дека ќе победи на изборите?

На ова централно политичко прашање за изборите, 61,1 отсто од граѓаните предвидуваат дека изборите ќе ги добие СП. Во меѓувреме, 20,7% од испитаниците предвидуваат дека ДП ќе победи на изборите, 3,7% предвидуваат дека ќе победи Албанија Бехет, 1,2% сметаат дека ќе победи Партијата на можности и 1,2% предвидуваат дека ќе победи Заедничкото движење.

КОСОВО

Балкан веб: Косово одобри  иницијатива за договор со САД во областа на одбраната

Владата на Косово начелно ја одобри иницијативата за склучување на рамковен договор за соработка во областа на одбраната меѓу Косово и САД.

На седницата на Владата, премиерот Албин Курти рече дека со овој договор Косово и САД се посветени на унапредување на соработката „на полето на одбраната како: одбранбено планирање, стратешка стабилност како и градење стратешки воени капацитети“, пренесе Балкан веб.

РСЕ: Српскиот динар забранет во прописите, прифатен на пазарот

Пред една година Косово го прогласи за незаконски српскиот динар, но на северот на земјата парите го наоѓаат својот пат. Додека банките го отфрлаат, продавниците и продавачите сè уште го прифаќаат – некои поотворено, други повеќе во сенка. За многу граѓани забраната не ги запре трансакциите, едноставно ги комплицираше.

Банките во Косово – вклучително и северниот дел на земјата – не вршат финансиски трансакции со српски динари.

Регулативата на Централната банка на Косово, која забранува плаќања во валути различни од евра, стапи на сила на 1 февруари 2024 година, додека преодниот период за нејзино спроведување заврши на 13 мај истата година.

Српските финансиски институции на север, во меѓувреме, беа затворени, додека филијалите на косовските банки беа отворени. Со тоа заврши речиси 25-годишната практика на користење на динарот на тој простор.

Во меѓувреме цените во динари сè уште се прикажани на излозите на некои продавници во Северна Митровица, кои тимот на РЕЛ ги посети во првата недела од март.

Но, во продавница со дневни производи за широка потрошувачка, кај плоштадот „Цар  Лазар“, сопственикот вели дека плаќањето во динари е забрането. Дури и цените во тој бизнис беа во евра.

„Кој дава динари, ние ги претвораме [според цената во евра] и потоа ги купуваме еврата“, вели сопственикот, без да сака да биде идентификуван.

Тој додава дека „го прифатил ризикот да прима плаќања во динари, бидејќи не сака неговите клиенти да си заминат“, се наведува во статија на Радио слободна Европа на албански јазик.

КОЛУМНА

Коха: „Во Србија започна операцијата за спас на имотот на криминалецот Милан Радоичиќ“

„Големите протести во Србија против режимот на Александар Вучиќ изгледа го исплашиле неговиот соучесник во валканите работи Милан Радоичиќ , дека еден не толку далечен ден,  ќе мора да одговара пред правдата.

Пред да се случи ова, Радоичиќ им го предаде богатството на сопругата и на бројните партнери од темниот свет. 16 месеци по терористичкиот напад на Радоичиќ на северот на Косово, не се гледа ниту буквата „О“ од обвинение  против него.

За да седне Радоичиќ на обвинителна клупа, треба да падне Александар Вучиќ“, пишува Авторот Енвер Робели, во колумната „ Во Србија започна операцијата за спас на имотот на криминалецот Милан Радоичиќ“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ