• Latest

Мицкоски: Ако тераат инает може да им се случи народ на судиите со изгласана недоверба

March 14, 2025
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Мицкоски: Ако тераат инает може да им се случи народ на судиите со изгласана недоверба

March 14, 2025 16:36
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска го повтори ставот дека доколку членовите на Судски совет не постапат соодветно одлуката на парламентарците кои им изгласаа недоверба и се инаетат, дека е можно да им се случи народ, затоа што народот, вели, е желен за правда, а тој ќе го поддржи народот.

-Јасно е дека мал дел од обвинителите и судиите се последниот браник на Владата на СДСМ и ДУИ. Јасно е нивното однесување и јасно е тоа што го прават дел од членовите на Судски совет дека практично тие ги поддржуваат тие политики, и тоа однесување. Исто така, недвосмислено јасна е одлуката на тие коишто ги гласаа, а тоа се пратениците во македонското Собрание. Кога тие коишто претходно ја дале довербата, гласат интерпелација односно ви гласат недоверба, доблесно, чесно е да не правите трикови, да не барате дупки во законите, да си заминете. Многу едноставно. Гледаме дека поединци од таму тераат инает. Мислат дека со инает ќе успеат нешто да направат. Јас сум постојано со народот, и го слушам народот како реагира. И јас само сакам да кажам дека доколку не постапат соодветно на одлуката на тие коишто ги бираат, тоа се парламентарците, се плашам дека може да им се случи народ, да се самоорганизира и да протестира затоа што народот е желен за правда, рече премиерот Мицкоски на новинарско прашање по увидот на проекти во општина Ѓорче Петров.

Тој подвлече дека довербата од граѓаните на последните избори ја добиле токму заради нивните ветувања за правда за сите.

-Ние излеговме на избори, освоивме пола милион гласови, нас ни беше важно и многу важен дел од нашата кампања и програма беше правдата. Правда за сите, не само за поединци, туку правда за сите. И во име на тоа, имам чувство дека доколку дојде до ваква ескалација и излезе народ да протестира дека тој може да биде многуброен и нормално, поддржан лично од мене. Ако се служат со трикови, водат ианет дека може да се самоорганизира народ и да им се случи народ, наведе Мицкоски.

Тој не смета дека ова е преседан и дека со ваквата најава за протести се врши упад во независноста на правосудството, и додаде дека како претседател на Владата негова должност е да предупредува на последиците од однесувањето на членовите на Советот дека може да се случи народ, а како дополнително иритирачка ја оцени и одлуката на Судскиот совет за вд претседател на Врховниот суд да го именува судијата Џемали Саити, за кој вели дека е дирекно поврзан со сега опозициската ДУИ.

-Тоа е моја должност. Да не биде дека после не сум кажал. Затоа што ако не фатат во спиење и ни се случи народ, тогаш се плашам дека ќе има последици. Како во минатото се сеќавате имаше и други претседатели на Влада, коишто буквално ги користеа заканите за да партизираат во судството. Ќе ве потсетам, крајно дрска и разочарувачка одлуката на Советот за вршител на должноста претседател на Врховниот суд да постави човек којшто доаѓа буквално од кожната фотелја од салонот во Речица. Како тоа да не го иритира народот. Нормално дека народот ќе биде иритиран. Јас само пренесувам тоа што слушам. Децата си одат, не си одат поради економски причини. Сега за волјата на виситната процесот е обратен, но до скоро си одеа затоа што чувствуваа дека нема правда. Јас сум само должен само да предупреда, да не биде потоа не сме знаеле, не сме кажале, подвлече Мицкоски.

Тој потврди и дека судиите од Судски совет на кои им беше изгласана недоверба ќе продолжат да земаат плата, се додека не заминат од функцијата, што е вели уште една причина за револтот кај граѓаните.

-Очигледно, се додека не заминат од тоа место каде што се, граѓаните уште некое време ќе треба преку буџетот да ги плаќаат нивните високи плати и затоа тие се вознермирени. Затоа јас ја чувствувам таа негативна вибрација кај граѓаните, гледам дека работата зоврива и дека можно е да се самоорганизираат и тоа може да бидат масовни протести. И тука сум веќе и јас загрижен бидејќи логично е да се грижиме за безбедноста на државата, вели премиерот Мицкоски.

Собранието на седницата во вторникот изгласа недоверба на петмината членови на Судскиот совет избрани од Собранието – Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска и Селим Адеми. Зад иницијативата за интерпелациии, поднесена на 7 февруари, застанаа 67 пратеници од владејачкото мнозинство, но за заминувањето од функциите на петте члена на Судскиот совет ќе треба да одлучат самите, а така налага и Законот за Судски совет.

Фото: ФБ на Христијан Mицкоски

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ