• Latest

Прим. д-р. Добрила Андоновска: Да се направи стратегија за формирање на современ Центар за изгореници кој би бил од огромно значење за пациентите, здравствените работници и државата

March 18, 2025

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ МРЕЖА

Прим. д-р. Добрила Андоновска: Да се направи стратегија за формирање на современ Центар за изгореници кој би бил од огромно значење за пациентите, здравствените работници и државата

March 18, 2025 13:03
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, МРЕЖА
Share on FacebookShare on Twitter
„Останува да помине овој шокантен период, да заврши со добро лекувањето на сите пациенти независно дали се лекуваат во Македонија или во други држави, па да се седне со ладна глава и да се направи стратегија за формирање на современ Центар за изгореници кој би бил од огромно значење за пациентите, здравствените работници и државата не само од здравствен туку и од стратешки аспект.“, вели меѓу другото во објава на социјалните мрежи, Прим. д-р. Добрила Андоновска.

 

„Првиот официјален Центар за изгореници е формиран со формирањето на Воената болница во Скопје, со самото формирање на болницата под раководство на Д-р.Крсте Митановски, према стратегијата на здравството на ЈНА. Центарот е затворен за да се ослободи за приватната Кардиохирургија ,,Жан Митрев”.
Вториот Центар за третман на изгореници е отворен во 2000 година во Градска општа болница – Хирургија, сегашна Клиника за хируршки болести ,,Св.Наум Охридски” во Скопје, а е ставен вон функција во 2016 година.
Во Центарот работеа специјалисти и субспецијалисти по Пластична и реконструктивна хирургија:
* Прим. д-р. Спиро Јовевски
* Прим. д-р. Добрила Андоновска – одбранила јавен труд на ниво на магистерски труд на тема
* Прим. д-р. Грета Марцикиќ,
* Нау. сор. Д-р. Маре Стевковска – докторирала на тема
* Асс. Д-р. Емилија Атанасова,
* Асс. Д-р. Елизабета Обочки,
* Асс. Д-р. Биљана Шапова и
* Асс. Д-р. Јасна Угриновска.
Тим на врвни специјалисти по анестезиологија и реанимација:
* Прим. д-р. Аврам Балабанов
* Прим. д-р. Радослав Калиников
* Прим. д-р. Жика Урдаревиќ
* Прим. д-р. Славко Крстевски
* Проф. д-р. Мирјана Шошолчева
* Прим. д-р. Славица Стојанова Гудељевиќ
* Прим. д-р. Мира Ѓорчева
* Проф. д-р. Тања Троиќ
* Асс. д-р. Марија Личеновска
* Асс. д-р. Олгица Василевска
* Асс. д-р. Гордана Оранска
и бројни други млади доктори специјализанти, сега врвни анестезиолози во јавното и приватното здравство.
Специјалисти по Детска хирургија, вклучени во тимската работа:
Д-р.Александар Христов
Д-р.Елизабета Асенова
Д-р. Мари Кудјан
Д-р. Маја Миланова
Д-р. Илиријана Шеху
Центарот функционираше како посебен оддел на одделението за Пластична и реконструктивна хирургија, сместен во посебен дел од болницата со посебен надворешен влез.
Центарот беше опремен со најсовремена опрема од Јапонската Влада – Интензивна нега со два Клинитронови системи од француско потекло, какви што постоеја во регионов единствено во Пирогов – Софија (околу 40 – 50 на број). Овие компјутеризирани системи овозможуваа специјални микроклиматски услови: аерација, температура, влажност и пациентите лежеа како во бестежински простор на ,,кади” исполнети со силиконски песок кој ,,врие” поради проток на воздух.
Центарот располагаше со посебна операциона сала за изгореници каде шесте специјалисти по пластична хирургија, тимски со врвните анестезиолози, вршеа оперативни зафати и преврски во општа анестезија. Центарот беше опремен и со респиратор донација од Макстил.
Освен интензивната нега постоеше и болничка соба со два кревети, што значи дека капацитетот беше за 4 пациенти со екстензивни изгореници, а со нивно подобрување се префрла, по потреба, на одделението за Пластика со 15 кревети.
Беше формирана и Банка на амнионски мембрани (во соработка со Гинекологија – Чаир) по пример на Пирогов и други центри.
Докторите се обучува во Пирогов,
КЦ Љубљана, КБЦ Ребро – Загреб, Прага, Франкфурт, а во 2005 година после обука во Оксфорд се воведе и третман со сребрени преврски и други артефициелни преврски. Континуирано се надградуваа учествувајќи на бројни меѓународни симпозиуми и работилници.
Докторите се бавеа и со научно – истражувачка дејност од што произлегоа еден докторат и еден јавно одбранет труд на ниво на магистерски труд, стотина авторски и коавторски трудови и презентации на бројни меѓународни конгреси, како и работа со студенти и едукација на специјализанти.
Пет медицински сестри, предводени од одделенската медицинска сестра Мирка Спасиќ, беа на едномесечна обука во Пирогов – Софија, како и еден пластичен хирург и анестезиолог.
Најтешките интубирани пациенти првите години се третираа во интензивната во Центарот, но понатаму беа третирани во централната болничка Интензивна за да бидат под ,,будно око” и третман на врвните анестезиолози и реаниматолози. Во интензивната се вршеше и хемофилтрација на одреден број на пациенти со екстензивни изгореници.
Се работеше тимски со специјалистите од сите дијагностички, хируршки и интернистички гранки, а особено со детските хирурзи.
За период од петнаесет години и осум месеци во Центарот се лекуваа 1316 пациенти со екстензивни изгореници (према званична документација), просечно 84 пациенти годишно со ,,тешки” изгореници, а не два пациенти годишно, како што изјавија надлежните.
Дополнително околу 20 – 30 пациенти годишно со друга тежина на изгореници кои се лекуваа на одделенијата за Пластична хирургија и за Детска хирургија, што значи дека во оваа болница се лекуваа нешто над 100 пациенти годишно.
Да претпоставиме дека се лекувале уште 20 во други установи, тоа се 120 пациенти годишно, на државно ниво.
Во Центарот се лекуваа и страни државјани како приватни пациенти и имаше тенденција да прерасне во регионален Центар
Секвелите од изгорениците како лузни, контактури и други деформитети се решаваа во истата установа.
Треба да се напомене дека огромен беше бројот на пациенти со изгореници кои се третираа и во амбулантно – поликлинички услови.
Значајно е да се нагласи дека лекувањето на тешките изгореници е повеќемесечно и ,,скапо” го чини Фондот, но ништо не е поскапо од човечкиот живот.
Ако се иземе актуелната ситуација каде бројни пријателски држави прифатија лекување на повредените (најбројни во Србија и Бугарија) треба да се напомене дека искуството покажало дека лекување на еден пациент со изгореници во европска држава би го чинело Фондот минимум 150 – 250 илјади евра, а бидејќи сме социјална држава, секој пациент за чие лекување нема услови во македонското здравство има право да се лекува во друга држава на товар на Фондот.
Па, се поставува прашањето дали државата ќе ја чини помалку да формира современ Центар за изгореници или да испраќа пациенти на повеќе – месечно лекување надвор?
Од ова сето изнесено се заклучува дека не се во ред паушалните изјави дека во државава се лекуваат само два пациенти со тешки изгореници на годишно ниво (очигледно информацијата е добиена од погрешен извор).
И да нагласам, не се обвинуваат властите што немаме Центар за изгореници, на истите им се честита за огромниот напор да се згрижат тешките пациенти во други центри и држави, тоа е одличен потег, но се актуелизира проблемот дека ние мора да формираме современ Центар за изгореници кој би требало да има минимум 50 легла.
Имаме неискористени капацитети кои може да се пренаменат, имаме врвни активни пластични хирурзи, детски хирурзи, трауматолози, врви анестезиолози и реаниматолози и други специјалности, одличен и искусен медицински персонал.
Останува да помине овој шокантен период, да заврши со добро лекувањето на сите пациенти независно дали се лекуваат во Македонија или во други држави, па да се седне со ладна глава и да се направи стратегија за формирање на современ Центар за изгореници кој би бил од огромно значење за пациентите, здравствените работници и државата не само од здравствен туку и од стратешки аспект.
Уште еднаш, длабоко сочувство до семејствата кои се скршени од болка, нека почиваат во мир нивните најмили.
Да посакаме успешно лекување на сите пациенти кои се лекуваат во Македонија и во странство.
Поддршка за сите здравствени работници. Треба да веруваме во нив.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ