Володимир Зеленски рече дека „зборовите на Путин се многу спротивставени со реалноста“ посочувајќи на новите руски напади врз Украина, објави Би-би-си, пренесув ЦИВИЛ Медиа.
Тој ја обвинува Русија за напаѓање на енергетските капацитети, и покрај ветувањето што му го даде вчера Путин на Трамп за време на телефонскиот разговор, дека ќе избегнува такви цели 30 дена
Руското Министерство за одбрана, исто така, ја обвини Украина дека цели на еден од нејзините складишта за нафта, нарекувајќи го тоа „намерна провокација“.
Путин отфрли целосен прекин на огнот за време на телефонскиот разговор со Трамп во вторникот; Зеленски вели дека подоцна ќе разговара со американскиот претседател за да дознае детали за повикот
Трамп покажува суштинско трпение кон Путин, пишува дипломатскиот дописник на Би-би-си, Џејмс Лендејл од Кијив
Во меѓувреме, САД објвија дека разговорите за Украина ќе продолжат во недела.
Во текот на изминатиот ден, во руските напади низ Украина загинаа најмалку двајца цивили, а повредени се најмалку 19, објавија регионалните власти на 19 март, пренесува Кијив Индипендент.
Русија во текот на ноќта лансираше две балистички ракети „Искандер-М“, четири противвоздушни ракети С-300 и 145 беспилотни летала за напад и мамка против Украина, соопшти Военото воздухопловство. Украинската противвоздушна одбрана собори 72 беспилотни летала во 12 области, додека 56 беспилотни летала за мамки исчезнаа од радарите без да предизвикаат штета, се вели во соопштението.
Д. Мишев