• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Процесот на ЕУ и интеграции на Албанија не зависи од исходот на изборите; Соренсен, надеж за прашањето на исчезнатите; Русија не наоѓа мир со себе

March 28, 2025

Усвоен план за подобро справување со сајбер напади и кризи во ЕУ

June 6, 2025
Семејна фотографија од министрите за одбара во НАТО Фото: НАТО

Министрите за одбрана на НАТО дефинираа нови цели за капацитети за зајакнување на Алијансата

June 6, 2025
Војо Маневски

Дали да гласа дијаспората не е вистинското прашање

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Зеленски: Русија мора да биде повикана на одговорност, светот мора да изврши притисок за крај на војната

June 6, 2025
Фото: Фејсбук на Генералштаб на ЗСУ

Украина изврши превентивен напад врз руските воени аеродроми Енгелс и Дјагилево

June 6, 2025
Фото: МИА Архива

Фајнанс тинк: Растот во првиот квартал со слична динамика како и лани, нема место за еуфорија

June 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на NBC News

Американски судија привремено ја блокираше забраната на Трамп за странски студенти во Харвард

June 6, 2025
Украина, 6 јуни 2025 (извор: ДСНС Украина)

Единствениот „аргумент“ на Русија е теророт: Ноќниот ракетен терор убива цивили низ цела Украина

June 6, 2025

САД воведоа санкции за четворица судии на Меѓународниот кривичен суд

June 6, 2025
Фото: ДСНС Украина

Најмалку четворица загинати во руските напади врз Кијив

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Процесот на ЕУ и интеграции на Албанија не зависи од исходот на изборите; Соренсен, надеж за прашањето на исчезнатите; Русија не наоѓа мир со себе

March 28, 2025 13:30
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Делегацијата на Европската унија во Тирана во четвртокот за БИРН изјави дека процесот на интеграција не е поврзан со резултатот од изборите и дека ЕУ ќе продолжи да ги поддржува албанските институции на патот на интеграцијата без оглед на резултатот, пренесуваат албанските медиуми.

Семејствата кои сè уште чекаат да дознаат за своите најблиски заслужуваат епилог на ова прашање. Затоа исчезнатите лица ми се приоритет во Дијалог, изјави новиот емисар во косовско српскиот дијалог, Соренсен, пренесоа косовските медиуми.

За денешното издание на АЛ-Прес, ја издвоивме колумната од косовскиот дневник Коха, „Напорите на Русија да најде мир со себе“.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Досја: Членството на Албанија не е поврзано со исходот од изборите“/ ЕУ: Процесот на интеграција не е монопол на Социјалистичката партија

Премиерот Еди Рама го користи евроинтегративниот процес како изборна карта, повикувајќи ги граѓаните да гласаат за Социјалистичката партија како единствена сила, според него, која може да ја внесе земјата во ЕУ, еднострано ветувајќи крај на преговорите во 2027 година.

Сепак, Делегацијата на Европската унија во Тирана во четвртокот за БИРН изјави дека процесот на интеграција не е поврзан со резултатот од изборите и дека ЕУ ќе продолжи да ги поддржува албанските институции на патот на интеграцијата без оглед на резултатот.

„Процесот на интеграција на Албанија во ЕУ е национална стратешка цел, која е силно поддржана од огромното мнозинство граѓани во Албанија и ужива целосна меѓупартиска поддршка“ – одговорија од канцеларијата на ЕУ во Тирана, нагласувајќи дека „Без разлика на исходот од изборите, ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Албанија на нејзиниот европски пат, работејќи рамо до рамо со албанските институции и сите сегменти на општеството“, пренесе Досја.ал.

Еуроњуз: Жителите на Велипоја протестираат против  изградба на одморалиште, се судрија со полицијата

Жителите на плажата Рјоли во Велипоја се противат на изградба на одморалиште во овој крај.

Протестот се одржа вчера, а започна со судири и насилство меѓу жителите и полицијата. Граѓаните наведуваат дека имотот го поседуваат со векови и тврдат дека имотот е отуѓен со фалсификувани документи.

Одморалиштето беше одобрено пред речиси еден месец на седницата на Националниот урбанистички совет на територијата, каде што е планирано да се изгради комплекс со вили и одморалиште за туристи во оваа област, кај Рана е Хедхун, меѓу Скадар и Лежа, на површина од 147 хектари земја, пренесе Еуроњуз.

КОСОВО

Калѕо: Новиот емисар на ЕУ за косовско-српскиот дијалог, надеж за прашањето на исчезнатите

По посетата на Институтот за судска медицина во Приштина, емисарот на ЕУ за дијалогот Косово-Србија Петер Соренсен, преку објава на Х рече дека за него прашањето за исчезнатите ќе биде приоритет во Дијалог.

„Расветлувањето на судбината на преостанатите исчезнати лица е хуманитарна неопходност. Семејствата кои сè уште чекаат да дознаат за своите најблиски заслужуваат епилог на ова прашање. Затоа исчезнатите лица ми се приоритет во Дијалог“ – напиша тој на 19 март 2025. За време на посетата на Косово, која започна на 17 март 2025 година, Соренсен имаше средба и со владината комисија за исчезнати, пренесе Калѕо.

Индекс.онлајн: Ексклузивно: Судот го ослободи Слободан Гавриќ со кауција, фатен во Мердаре додека бегал во Србија

Слободан Гавриќ, осуден за тероризам на Косово, е ослободен со кауција од правосудните органи на Косово.

Извори на Индексонлајн информираат дека Србинот Гавриќ пред неколку недели од органите на правдата на Косово бил ослободен со кауција.

По донесувањето на оваа одлука, Индексонлајн дознава дека во првиот случај Гавриќ се обидел да побегне во Србија.

Извори на Индексонлајн информираат дека Србинот осуден за организирање на терористичкиот напад е уапсен во Мердаре. Според овие извори, полицаец забележал дека тој што се обидел да го напушти пунктот во Мердаре е токму Гавриќ.

КОЛУМНА

Коха: Напорите на Русија да најде мир со себе

„И додека другите земји најдоа начин да коегзистираат со западниот свет, кој е предводен од САД, Русија не го направи тоа. Такво нешто не постигна поради три внатрешни фактори, кои историски ја карактеризираат руската надворешна политика.

Првото е ирационално, но длабоко вкоренето чувство во руското општество дека има посебна мисија во светот – божествена волја. Рускиот народ и особено руската елита отсекогаш верувале дека живеат во земја, која Бог ја благословил со посебна мисија.

Оваа руска идеја потекнува од наводното руско наследство на Византија, а со текот на времето добила различни форми како што се „Третиот Рим“, Пансловенското кралство, Големата патриотска војна, Комунистичката револуција и денес „бранител на христијанството“ и „традиционалните вредности“.

Ова чувство за посебна мисија во светот отсекогаш негувало чувство на гордост и супериорност кај рускиот народ. А од друга страна, незнаењето на остатокот од светот, а особено на Западот, за оваа посебна руска мисија во светот поттикна чувство на непријателство кај рускиот народ, кој отсекогаш чувствувал дека Западот не ја почитува и не ја цени доволно уникатноста и важноста на руската цивилизација.

Оваа карактеристика на уникатноста на рускиот народ не е нешто ексклузивно за руското општество. Секоја империја некогаш го имала ова чувство – Кина, Америка, Англија, Франција, Германија, Јапонија. Но, поентата е дека сите овие еднаш се помирија со реалноста дека нема ништо посебно во нивната мисија на овој свет и затоа почнаа да го наоѓаат своето место во светот. Русија никогаш не поминала низ овој процес.“, пишува косовскиот автор Демуш Шаша во колумната „Напорите на Русија да најде мир со себе“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ