На само 11 години, Јенс од Данска собра над 34.000 дански круни (речиси 5.000 долари) за да им помогне на украинските деца кои ги загубија своите домови.
Тој изработува сино-жолти велигденски пилиња и ги продава за да ги издржува овие деца. Само оваа година тој веќе собра 6.000 круни, кои KOLO Nordic ги удвои на 12.000. Минатата година собра уште 28.000 круни.
Јенс ја видел веста дека украинските деца ги губат своите домови и ја прашал мајка си: „Што да правиме? Таа одговори: „Прави добро!“.
Благодарение на големиот пријател на Украина – данскиот министер за индустрија, бизнис и финансиски прашања Мортен Бодсков, имав можност лично да му се заблагодарам на Јенс и неговото семејство. На само 11 години му покажува на светот дека добрината не познава години, напиша Јулија Свириденко,
Прв заменик премиер на Украина – министер за економија на Украина на ЛинкедИн.
Д. Мишев