• Latest

24 ЧАСА: Пожарот во Кочани ја зеде и 61-та жртва; Мицкоски очекува од САД корекција за тарифите; На Трамп „не му се допаѓаат“ бомбардирањата на Русија

April 7, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
Фото: Дејан Трајковски / Фејсбук

Трајковски: Денеска Албанија е земја кандидатка за членство во ЕУ, која успешно отвора поглавија – Македонија стана едно бесперспективно и тажно место за живеење

August 21, 2025

Османи со „градежна стража“ против урбаниот хаос во Чаир

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Пожарот во Кочани ја зеде и 61-та жртва; Мицкоски очекува од САД корекција за тарифите; На Трамп „не му се допаѓаат“ бомбардирањата на Русија

April 7, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Уште една жртва од пожарот во Кочани

Почина уште еден пациент од пожарот во Кочани кој се лекуваше во Литванија. Тој е 61-та жртва од трагедијата во Кочани. Минатата недела почина и управителот на дискотеката Александар Карадаковски.

Во пожарот во Кочани беа повредени околу 200 лица од кои дел беа пратени на лекување во странство.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Мицкоски за царините од САД: Oчигледно е грешка или погрешна информација, oчекувам многу скоро да се коригира одлуката

„Работиме со нашите партнери, САД, очекувам многу скоро да се коригира ова што очигледно е резултат на некаква грешка или погрешна информација, имајќи предвид дека лани нашата трговската размена со САД беше во негатива, односно сме во дефицит, а тие држави што се во дефицит немаат ваков тип зголемување на давачките.

Сега се споредуваат податоците, во контакт сме со Амбасадата, со Министерството за економија и со Кабинетот на Трамп, а тоа беше дел од разговорите и на Муцунски и државниот секретар во Брисел, така што во периодот очекувам да се излезе од оваа состојба“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

РЕГИОН

Над 150 Срби од Косово тргнаа пеш на собирот на Вучиќ, што ќе се одржи 12 април во Белград

Повеќе од 150 Срби од Косово вчера тргнаа пеш кон Белград, за да присуствуваат на собирот во сабота на 12 април, по повод формирањето на Движењето за народот и државата, што претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го најавува за следниот викенд

СВЕТ

„Не ми се допаѓа бомбардирањето“, одговори Трамп на новинарите, повикувајќи го Путин да престане со насилството

Американскиот претседател Доналд Трамп го повтори својот повик за прекин на огнот во руско-украинската војна на 6 април, повикувајќи го рускиот претседател Владимир Путин да престане со насилството.

„Разговараме со Русија. Би сакале да престанат“, им рече Трамп на новинарите од „Ер Форс 1“. „Не ми се допаѓа бомбардирањето, бомбардирањето продолжува и продолжува, а секоја недела илјадници млади луѓе се убиени“, рече Трамп.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Кој и зошто го блокира процесот на интеграција во ЕУ?

Патот на Северна Македонија кон Европската Унија е долг, сложен и често фрустрирачки за граѓаните, политичарите и дипломатите. Иако постои широка поддршка за членството во ЕУ како стратешка цел, процесот е постојано попречуван од политички, историски и национални прашања – како внатрешни, така и надворешни.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми: Притвор за четворицата срби уапсени во Ѓаковица; Без нормализација нема движење кон ЕУ; Израел го одликува Рама со Претседателски орден на честа

СЛОБОДНА ЗОНА

„Во чекување што ќе донесат новите тарифи за земјите кои се на листата на Трамп и воопшто, за глобалната трговија и економија, светските берзи во меѓувреме се во постојан пад, што отвара простор за берзански мешетари, како што се Трамп и олигарсите – милионери во неговото блиско опкружување, да ловат во матно и да го зголемат своето берзанско портфолио, ако тоа не беше и вистинската цел за тие да се воведат.“, Драган Мишев во колумната „Тарифите на Трамп: Реакции, неизвесност и скриената агенда“.

„Кога ќе кажете „системот е виновен“, всушност, значи дека никој не е виновен, барем во првиот момент, додека не се соземе – самиот систем! Се работи за децениско алиби за одговорноста, една децениска пракса што премногу потсетува на кремљовските начини за манипулација со масите, само спроведен со примеси на локалните рецепти. И што погласно се напаѓа системот, толку потивко умира одговорноста. И човечноста.“, Џабир Дерала во колумната „Кога гласно се брани фотелјата, а тивко умира човечноста“.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ