• Latest
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Јавниот обвинител на Северна Македонија Љупчо Коцевски потпишаа нов Протокол за соработка меѓу МВР и Јавното обвинителство / Фото: МВР

Тошковски и Коцевски потпишаа нов Протокол за засилување на соработката меѓу МВР и Јавното обвинителство

April 10, 2025

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Тошковски и Коцевски потпишаа нов Протокол за засилување на соработката меѓу МВР и Јавното обвинителство

April 10, 2025 12:55
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Јавниот обвинител на Северна Македонија Љупчо Коцевски потпишаа нов Протокол за соработка меѓу МВР и Јавното обвинителство / Фото: МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Јавниот обвинител на Северна Македонија Љупчо Коцевски потпишаа нов Протокол за соработка меѓу МВР и Јавното обвинителство / Фото: МВР

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и Јавниот обвинител на Северна Македонија, Љупчо Коцевски денеска потпишаа нов Протокол за соработка меѓу МВР и Јавното обвинителство со што уште еднаш ја потврдија посветеноста за засилување на интеринституционалната координација за успешно откривање и докажување на кривичните дела и нивните сторители и ефикасно спроведување на кривичната постапка.

Како што соопшти МВР, Тошковски нагласи дека засилената заложба за подобрување и јасно дефинирање на системот за борба против криминалот значи и постојано унапредување на правилата на игра, по кои институциите ќе можат да соработуваат, и што е поважно, ефикасно да ја водат таа борба.

– Прецизните правила значат поголема ефикасност за институциите, за правдата и за законите, ќе ја зацврстат нашата меѓусебна координација и ќе креираат една силна институционална алатка повеќе за борба со сите форми на криминал и корупција со кои се среќаваме секојдневно. Со потпишување на овој Протокол ги поставуваме темелите на доверба и соработка, каде што заедничката цел е јасна – успешно откривање и докажување на кривичните дела и нивните сторители и ефикасно спроведување на кривичната постапка, нагласи министерот Тошковски.

Министер за внатрешни работи,Панче Тошковски, фото: МВР

Министерот Тошковски образложи дека документот утврдува јасни насоки и правила за постапување на полициските службеници и јавните обвинители, во активностите што се преземаат за откривање и гонење на сторители на кривични дела, а во исто време треба да го подобри функционирањето и ефикасноста на кривичниот прогон како дел од кривично-правниот систем.

– Ова не е само правен документ, туку и знак на волја за заедничка акција, заснована на доверба, транспарентност и отчетност, нагласи министерот Тошковски на потпишувањето.

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски ја потенцираше оперативната вредност на Протоколот.

– Протоколот не е некаква политичка декларација, туку оперативен план заснован врз нашите закони за кривична постапка. Ги поедноставува процедурите за соработка, обезбедува јасност во сложените случаи и ја засилува координацијата во посебните мерки за истрага. Нашите институции се соочуваат со високо софистицирани форми на криминал и овој Протокол ќе ни помогне да се адаптираме и да се соочиме со тие предизвици, потенцираше Коцевски.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал, кои учествуваа во креирањето на овој Протокол, нагласи дека МВР и Јавното обвинителство влегуваат во нова фаза на соработка во која ќе се реализираат придобивките од овој протокол.

– Овој чекор ќе го засили делот на спроведување на кривичната постапка, ќе има видлив оперативен ефект и ќе го поплочи патот кон заеднички обуки и практики. Стандардно оперативните процедури и практични алатки ќе овозможат многу поефикасна борба со сложените криминални случаи, корупцијата, организираниот криминал, финансиските криминали и сајбер криминалот, потенцираше амбасадорот Вал.

Фото: МВР

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ