• Latest

Праведен мир за Украина преку сила и единство

April 12, 2025

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА

Праведен мир за Украина преку сила и единство

April 12, 2025 11:57
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

На 11 март 2025 година, во Џеда, пред еден месец, Украина се согласи на целосно привремено примирје, предложено од САД.

Руската Федерација не само што ја игнорираше понудата за целосно 30-дневно примирје, туку и ги засили своите смртоносни ракетни и дрон напади врз мирните украински градови.

На денот кога Советот за човекови права на ОН ја усвои Резолуцијата „За состојбата со човековите права во Украина како резултат на руската агресија“, на 4 април 2025 година, Руската Федерација изврши брутален напад врз станбен кварт во Кривиј Риг, убивајќи 20 лица, од кои 9 деца (Оваа Резолуција беше поддржана од Северна Македонија – искрено благодарни сме за поддршката).

Руската Федерација бесрамно демонстрира дека не сака завршување на војната – државата-терорист продолжува со постојани напади врз цивилната инфраструктура, што доведува до бројни жртви и ги лишува луѓето од пристап до основните средства за живот. Руската Федерација продолжува со масовно мачење на воени заробеници, егзекуции и насилни исчезнувања, како и со депортација и присилно преселување на цивилното население.

Потребата од преземање одговорност од страна на Руската Федерација и избегнувањето на неказнивост за кремљовскиот режим е итна потреба.

Државите-партнери ја поддржуваат забрзаната постапка за создавање на Специјален трибунал за истрага на злосторството агресија против Украина и меѓународен компензациски механизам, вклучително и Меѓународна комисија за надомест на штета, како и интензивирање на напорите за враќање на украинските деца, незаконски депортирани на територијата на Руската Федерација.

Важноста за изведување на Русија пред одговорност за извршените злосторства беше нагласена од страна на државите-партнери во усвоената Резолуција на Парламентарното собрание на Советот на Европа „Руската агресивна војна против Украина: потреба од одговорност и избегнување на неказнивост“ (Благодарност до Северна Македонија за поддршката на Резолуцијата).

Руската Федерација, продолжувајќи ја воената агресија против Украина, останува стратешка закана за светот, особено за Европа.

Украина вложува решителни напори за развој на својата одбранбено-индустриска база. На дневен ред е и дискусијата за распоредување на безбедносен контингент од партнери.

Украина е подготвена за праведен и сигурен мир, кој мора да биде заштитен преку силата на меѓународната поддршка.

Не можам да не ја истакнам објавата на Европската комисија (19.03.2025) на Белата книга за прашањата на Европската одбрана – планот „Готовност 2030“ – тоа е за одбранбената способност.

Клучни правци:

  • Поддршка на европската одбранбена индустрија;
  • Поддршка на Украина преку зголемување на воената помош и продлабочување на интеграцијата;
  • Поддршка на европската и украинската одбранбена индустрија;
  • Продлабочување на заедничкиот европски одбранбен пазар;
  • Забрзување на процесот на трансформација на одбраната;
  • Подобрување на подготвеноста на Европа за најлоши сценарија преку подобрување на воената мобилност;
  • Зајакнување на партнерствата.

Без партнерство – никаде.

Многу актуелен и неопходен е Договорот за партнерство во областа на безбедноста и одбраната помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија.

Во Договорот се истакнува сложеноста на безбедносната ситуација во Европа, особено поради неиспровоцираната и неоправдана агресивна војна на Руската Федерација против Украина, каде што Русија, еднострано и преку употреба на сила, се обидува да ги загрози мирот и безбедноста во Европа.

Во таа насока, ЕУ и Северна Македонија, споделувајќи ја заедничката цел да ѝ пружат поддршка на Украина онолку долго колку што е потребно за да ја заштити својата политичка независност, суверенитет и територијален интегритет, ќе работат на можноста за учество на Северна Македонија во иницијативите на ЕУ насочени кон зајакнување на одбранбените капацитети на Украина, во согласност со утврдените процедури на ЕУ.

Украина заслужува постојана воена поддршка за заштита од тековната воена агресија на Руската Федерација и за обезбедување на сопствената способност за самозаштита.

Преопремување на Европа, проширување на европското одбранбено-индустриско производство, зголемување на воената поддршка за Украина – ова е цената на безбедноста и слободата.


Специјално за ЦивилМедиа.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ