ВЕСТ НА ДЕНОТ
Во истрагата за пожарот во Кочани опфатени 55 лица, Обвинителството негира селективност во постапувањето
Бројот на осомничени за пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани достигна 52 физички и три правни лица, откако Обвинителството викендот ја прошири истрагата со уште 19 лица.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Францускиот претседател Емануел Макрон ја обвини Русија за „еклатантно непочитување на човечките животи, меѓународното право и дипломатските напори на претседателот Трамп“.
„Потребни се силни мерки за наметнување на прекин на огнот на Русија“, рече тој. „Франција работи неуморно кон оваа цел, заедно со своите партнери. „Самата Русија ја започна оваа војна. И Русија сама избира да ја продолжи – со бесрамно непочитување на човечките животи, меѓународното право и дипломатските напори“, изјави Макрон.
РЕГИОН
Двери: Митингот на Вучиќ ги чинеше граѓаните на Србија најмалку 10 милиони евра
Тридневниот митинг на Вучиќ, кој беше вистинско фијаско, ги чинеше граѓаните на Србија најмалку 10 милиони евра. Дали сите трошоци се платени од буџетот или од „црните“ средства што се создадени со грабежи на наместени тендери, веројатно ќе дознаеме дури по падот на сегашниот режим
СВЕТ
Светот го осуди рускиот ракетен терор во Суми, најсмртоносниот напад оваа година во кој загинаа 34 цивили
Светот го осуди новото воено злосторство на рускиот агресор кој изврши страотен ракетен напад врз цивилни цели во украинскиот североисточен град Суми, додека луѓето се собираа на неделните црковни служби, при што загинаа најмалку 34 лице, а најмалку 117 се ранети, според досегашнитее извештаи.…
(ИЗБОР) Албански медиуми:
Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот
ФОРУМ
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за анкетите и истражувањата на јавното мислење?
СЛОБОДНА ЗОНА
Судејќи според објавите и фотографиите кои кружат во јавноста „од таа страна на барата“, еден претседател решил да го копира тогашниот доживотен претседател на СФРЈ. Можеби се надева дека на тој начин, и тој самиот ќе стане доживотен претседател на најмоќната држава во светот, пишува Драган Mишев во колумната „Трамп кога ќе порасне сака да биде Тито“
Подготви: Д. Мишев