• Latest
Фото: Скриншот

Во истрагата за пожарот во Кочани опфатени 45 лица, Обвинителството негира селективност во постапувањето

April 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

January 22, 2026
Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

Зеленски ја оцени средбата со Трамп како позитивна, критикувајќи ја неактивноста на ЕУ

January 22, 2026
Фото: Амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Денес, во соочување со вооружената агресија на рф, соборноста е темелот на украинската издржливост, отпор и идна победа

January 22, 2026

Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

January 22, 2026

Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

January 22, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Изборни ризици во ерата на вештачката интелигенција – поуки од локалните избори 25025 (11)

January 22, 2026
Фотоколаж: Скриншот од видео на Индипендент

Исланд, тие ме сакаа, ме викаа „тато“ – Трамп неколку пати го помеша Гренланд со Исланд

January 21, 2026

Топлина за Украина – Заедничка кампања за солидарност

January 21, 2026

Локални избори 2025: Ненаучени лекции – сега и во печатена форма по промоцијата на дигиталното издание во декември

January 21, 2026

Одборот за мир на Трамп: Нов глобален арбитер или паралелна замена за ОН?

January 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Фотоколаж: Скриншот од видео на Индипендент

    Исланд, тие ме сакаа, ме викаа „тато“ – Трамп неколку пати го помеша Гренланд со Исланд

    Топлина за Украина – Заедничка кампања за солидарност

    Локални избори 2025: Ненаучени лекции – сега и во печатена форма по промоцијата на дигиталното издание во декември

    НИС ПЕТРОЛ  Прво се продаде колосот а потоа излезе дека се продадени и многу други нешта како што се бензинските пумпи, хотелите, изворите на нафта...

    Унгарската МОЛ ја презема контролата над српската НИС во договор со Газпром

    Скриншот од видео на POPULAR FRONT
/Х

    Флотата во сенка во фокусот на новите санкции на ЕУ против Русија

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: При температура од -15 °C, Кремљ продолжува да води геноцидна војна против жени, деца и стари лица

    Публиката извикува „оставете го Гренланд на мира“ за време на американската химна. Скриншот од YouTube reel/@crimlawuk

    (ВИДЕО) Навивач извика „оставете го Гренланд на мир“ за време на американската химна на НБА натпревар во Лондон

    Фото: Берни Сандерс/Х

    Сандерс: Ако Трамп го присвои Гренланд, дали Американците ќе имаат бесплатно здравство, бесплатно високо образование, платено родителско отсуство и платен одмор?

    „Дивото племе треба да се чисти“ – говор на омраза по објавата на Лога за дискриминација на Албанците во Шумска полиција

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

    Точно на пладне: Лидерска средба на иницијатива на Мицкоски за првпат без главната опозициска партија

    Лидерска средба на Мицкоски: Консензус на хартија, криза во реалноста

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    Ignorantia ante portas

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Креирано со помош на ВИ

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

    Проф. Оливие Ведрин (фото извор: LinkedIn профил на Авторот)

    Патување во Берлин

    Креирано со помош на ВИ

    Убиствата на демонстранти на протестите во Иран неинтересни за ОН и Грета Турнберг – освен ако не се инволвирани Израел и САД

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ПРАВДА

Во истрагата за пожарот во Кочани опфатени 45 лица, Обвинителството негира селективност во постапувањето

April 14, 2025 09:38
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на осомничени за пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани достигна 52 физички и три правни лица, откако Обвинителството викендот ја прошири истрагата со уште 19 лица. Од новоосомничените, тројца се министри за економија, тројца овластени градежни инспектори во Општина Кочани, тројца директори на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), еден генерален инспектор во ДЗС, три службени лица во Министерство за економија, двајца државни секретари во Министерството за економија  и четири пазарни инспектори во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата, бидејќи според Обвинителството, досега нема ниту еден доказ дека од него било побарано продолжување на лиценцата на објектот на клубот „Пулс“ во Кочани.

По завчерашната акција за приведување на новосомничените и проширувањето на истрагата, Основниот суд Кочани   вчера го прифати барањето на Обвинитеството и определи 30-дневен притвор за четири лица, за шест лица куќен притвор согласно член 163 и мерки за претпазливост согласно член 146 од Кривичниот законик, а за осум лица мерка за претпазливост согласно членот 146.  Имаат право на жалба во законскиот рок, во зависност од мерката што им е одредена, од 24 часа до 72 часа. Едно од осомичените лица е надвор од државата, а МВР очекува наскоро да биде достапно.  Сите, како и претходните за кои беше поведена истрага, се осомничени за „Тешки дела против општата сигурност“ од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик, но не е исклучено да има обвиненија и по други кривични дела ако тимот јавни обвинители што ја води истрагата го оцени тоа.

Како што соопшти државниот обвинител, досега е поведена истрага кон 45 физички и три правни лица. Едно од физичките лица во меѓувреме почина и против него истрагата ќе биде прекината. Дополнително се води истрага и против седум полициски службеници.

– Во изминатиот период, обвинителскиот тим кој е проширен на вкупно 13 јавни обвинители интензивно постапуваше и испитуваше повеќе линии на одговорност за пожарот во кој за жал животот го загубија 61 лице, меѓу кои шест деца, а беа повредени уште 197 лица од кои 25 деца. Покрај оние за кои постојат сомненија за директна одговорност како сопственици, управители, организатори на забавата, обезбедување во клубот на критичната ноќ и корисници на пиротехничките средства, се истражува одговорноста и на сите институции и службени лица кои со своите незаконити дејствија и пропусти во континуитет довеле до тоа кабарето „Пулс“ во Кочани од самиот почеток во подолг временски период па се до настанување на пожарот да продолжи да врши угостителска дејност без воопшто да исполнува законски услови за тоа и со нарушување на сите безбедносни правила по животот на лицата кои го посетувале објектот. Законските норми и надлежности за заштита на безбедноста се јасни и тие се донесени и мора да се почитуваат токму за да се избегне ваква катастрофа, рече вчера на прес-конференција државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Очекува дека мерките кои ги побарале за новите 19 осомничени ќе бидат одобрени, бидејќи се поткрепени со докази.

Покрај тројцата градоначалници на Кочани кои се веќе осомничени, Обвинителството дошло до основано сомнение за можна одговорност и на тројца овластени општински градежни инспектори, кои постапиле спротивно на своите надлежности и овластувања од Законот за градење и Законот за инспекциски надзор, како што појасни Коцевски, дека воопшто не извршиле никаква инспекциска контрола на објектот кој со години бил незаконски пренаменет од објект за лесна индустрија во угостителски објект без никакви безбедносни стандарди.

Во рамки на Дирекцијата за заштита и спасување, освен претходно осомничениот директор, истрага е поведена за уште три лица на истата функција, вклучително и актуелниот директор, како и против генералниот инспектор во Дирекцијата кој бил на таа позиција во текот на целиот период на функционирање на клубот.

Кај ДЗС доказите посочуваат дека суштинските пропусти при проучување на одговорност и можна инволвираност на лица од оваа институција се токму кај раководната структура на институцијата. Тоа што имале од оперативно технички и превентивен карактер должност да го преземат е нарушено во секоја смисла, а општина Кочани била оставена без воопшто да овластат инспектор за заштита и спасување.

-Угостителската дејност – дискотеки и кабареа никогаш не била предмет на контрола и надзор, како во Кочани така и во цела држава и граѓаните биле под потенцијална загрозеност во сите угостителски објекти. Ова е нешто во што не може човек да верува но е така, рече Коцевски.

Покрај претходно осомничениот министер за економија, државен секретар и уште тројца раководни службеници, сега новоосомничени се уште три лица кои во одреден период од функционирање на клубот ја извршувале функцијата министер за економија, двајца државни секретари и уште три службени лица на раководни позиции надлежни на одделите за угостителство и туризам.

– Сите тие, како и претходно осомничените во Министерството за економија, се истражуваат затоа што му овозможувале на Кабаре клуб Пулс да добива лиценци без да ги исполнува минимално-техничките услови за работа и незаконито да продолжи со вршење на угостителската дејност за целиот период од отворањето до пожарот. Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата бидејќи нема ниту еден доказ дека сопственикот на клубот иницирал постапка за нова лиценца во 2025 година, рече државниот обвинител.

На листата од тројца осомничени пазарни инспектори со проширената истрага се уште четири кои биле надлежни да вршат инспекциски надзор за правилна примена на важечките закони и подзаконските акти. Продолжуваат проверките за двајцата поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат кои од претходно се истражуваат, бидејќи нивниот мандат се врзува со периодот во кој клубот работел со фалсификувана лиценца, како и уште неколку други лиценци кои се предмет на проверка.

Предмет на анализа е и таканаречениот кумулативен ефект на пропуштањата, односно ако повеќе различни лица во текот на долг временски период прават повторувачки пропусти,  и тие се дел од поширока причинска врска, бидејќи нивниот збирен ефект може да биде критичен.

Истрага се води и против седум полициски службеници во постапката што ја отпочна Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција односно Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција за целосно утврдување на линијата на одговорност.

Коцевски најави дека претстојат уште многу дејствија, распити и анализи, повторувајќи дека истрагата ќе биде максимално ефикасна и ќе ги даде сите очекувани одговори за трагедијата.

За обвинувањата од ДУИ дека со истрагата се насочува на припадници од една партија државниот обвинител потенцира дека во овој предмет нема никаква селекција, туку истрагата се води професионално.

-Во овој предмет нема никаква селективност како во поглед на национална или партиска припадност. Сите оние за кои обвинителскиот тим сметаше дека има опредлени инкриминирани дејствија се опфатени. Во однос на националниот состав на истрагата не можам ништо да коментирам, очекувам и натаму да има вакви изјави. Обвинителство ќе работи закони, рече Коцевски.

Според министерот за внатрешни работи Панче  Тошковски,  МВР презело низа активности со кои покажало дека законот важи за секој што ќе се огреши, а при тоа да се собрани соодветни докази. Не смее да се дозволи оваа истрага да биде предмет на политички препукувања, порача Тошковски.

На заедничката прес-конфернција со Коцевски, Тошковски соопшти дека очекува за кратко време да биде достапен на институциите во земјава и амбасадорот во Норвешка и поранешен министер за економија Дритон Кучи кој е надвор од државата, како еден од 19-те новоосомничени во проширената истрага.

– Согласно она кое што го кажа лицето кое го споменавте, очекуваме дека истотото за крако време ќе биде достапно на институциите во Македонија, рече Тошковки на новинарско прашање дали има информација кога се враќа во земјава амбасадорот во Норвешка со оглед дека тој јавно се огласи и кажа дека се враќа во земјава со првиот авион.

Кучи претходно на социјалните мрежи се огласи откако бил информиран дека претставници на МВР биле во неговиот дом со покана за информативен разговор, а по објавите дека тој и други поранешни министри за економија се приведени или се под сомнение за пожарот во Кочани.

-Верувам во правдата за општото добро. Со првиот лет ќе бидам во Скопје – не за да се оправдам, туку за да потврдам дека транспарентноста и довербата се единствениот пат напред. Тука сум. Со мирна совест, чист пред себе, со непоколеблива волја – пред Бога и пред законите на државата, напиша Кучи на неговиот фејсбук профил.

Во реакција на вчерашната прес-конференција на Коцевски и Тошковски, ДУИ  ги осуди, како што наведе, обидите за „меѓуетнички тензии“ при утврдувањето на одговорноста за пожарот во Кочани.

– Наместо да преземе брза и решителна акција и да ги повика на одговорност оние кои се вистински виновни, владата се вклучи во активности за бегање од одговорност на актуелните функционери и се оддаде на создавање непотребни етнички тензии. Во моментов Мицкоски со неосновано апсење на албанци се обидува да предизвика меѓуетнички тензии, како параван за неуспесите на владата и како алатка за предизвикување етнички раздор. ДУИ најостро ги осудува неодамнешните апсења на поединци кои немаат врска со трагедијата, како средство за оттргнување на вниманието од вистинските виновници. Овие постапки без докази покренати од институциите на Мицкоски, служат за насочено таргетирање на поединци за политички цели. Очигледно е дека додека се користат поединци како жртвени јагниња, оние на моќни позиции, вклучително актуелни министри и директори, остануваат на слобода и покрај нивната целосна одговорност за оваа трагедија, соопшти ДУИ.

Повторно реагираше и СДСМ од каде оценија дека  проширувањето на истрагата се уште е фокусирана само на минатото а никако на моментите кога се случил кривично-правниот настан ниту на актуелни полициски функционери. Истрагата, посочија од СДСМ, се уште нема одговор на клучните прашања кој е одговорен за пожарот поради кој згасна 61 живот а околу 200 млади луѓе беа повредени и кој ќе одговара за пропустите во безбедноста, за кои директно се надлежни МВР и БЈБ.

– Тошковски наместо да дава политички изјави треба да одговори како е можно да нема никаква одговорност од актуелните полициски функционери кои биле на позиции тој ден? СДСМ инсистира на неселективна правда за Кочани. Никој не смее да биде заштитен. Истрагата не смее да продолжи да се води селективно насочена само кон минатото, наведоа од СДСМ.

Според последните информации од Министерството за здравство,  од повредените во пожарот, надвор од државата се лекуваат 48 пациенти, а нивната состојба е непромената, односно остануваат во критична состојба двајца пациенти, додека другите се во стабилна состојба. Во болниците во земјава се лекуваат 10 пациенти, од кои четворица во Хируршка клиника „Св. Наум Охридски“, три на Клиника за пластична хирургија, двајца пациенти во приватната болница „Систина“, а во ГОБ „8 Септември“.

Под мотото „Задоцнета реакција“ завчера во Кочани се одржа вториот протестен марш што го организираа семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Учесниците на маршот го искажаа незадоволството од задоцнетата реакција на надлежните институции, како една од причините за големата трагедија.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на
Hindustan Times

    Кармата ги стига Кадировци – синот на чеченскиот лидер хопитализиран во тешка состојба по сообраќајна несреќа во Грозни

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Трета руско-чеченска војна во најава?

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Обвинителот Анел Фидоски универзално воведе стандард дека смртната закана со куршуми е ОК, каква што доби Џабир Дерала

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Битни се парите, а не судијата

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ