• Latest
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Во Собранието Иницијатива за одржување надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани

April 15, 2025
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Во Собранието Иницијатива за одржување надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани

April 15, 2025 11:38
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на чиј дневен ред е Иницијативата за одржување надзорна расправа за селективниот пристап во истрагата за трагедијата во Кочани.

Основното јавно обвинителство Кочани вчера до Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерки за претпазливост за последниот 19-ти осомничен на кого беше проширена истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, информираа од Обвинителството. Бројот на осомничени за пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани достигна 52 физички и три правни лица, откако Обвинителството викендот ја прошири истрагата со уште 19 лица. Од новоосомничените, тројца се министри за економија, тројца овластени градежни инспектори во Општина Кочани, тројца директори на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), еден генерален инспектор во ДЗС, три службени лица во Министерство за економија, двајца државни секретари во Министерството за економија  и четири пазарни инспектори во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата, бидејќи според Обвинителството, досега нема ниту еден доказ дека од него било побарано продолжување на лиценцата на објектот на клубот „Пулс“ во Кочани.

Од новоосомничените, тројца биле министри за економија, тројца овластени градежни инспектори во Општина Кочани, тројца директори на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), еден генерален инспектор во ДЗС, три службени лица во Министерство за економија, двајца државни секретари во Министерството за економија  и четири пазарни инспектори во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата, бидејќи според Обвинителството, досега нема ниту еден доказ дека од него било побарано продолжување на лиценцата на објектот на клубот „Пулс“ во Кочани.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вчера во изјава за медиумите истакна дека истрагата за трагедијата во Кочани не е завршена, се уште трае, а обвинителите покажале дека навистина можело да се работи и поинаку во Македонија. Тошковски е дециден дека против секој еден за кој има докази е поднесена пријава од страна на МВР, како и дека ќе биде соодветно процесуиран секој за кој ќе се најде доказ дека е причинско-последично поврзан со предметниот кривично-правен настан од аспект на исполнување елементи на конкретно кривично дело.

Според него, и МВР не е поштедено од истрагата која го опфаќа периодот од 2012 година до денес.

-Моментно сме во фаза на истрага, истрагата ја води јавниот обвинител. Вчера имавме детално информирање во рамки на факти и околности кои можеа да бидат споделени со јавноста. Истрагата не е завршена. Ние не можеме Обвинителството и МВР да ги претвориме во „преки суд“ зашто некои политички недобронамерници сакаат на гневот на македонскиот народ кој самите го предизвикале уште толку повеќе да го искористат во насока на крадење, манипулирање и стекнување со политички поени. Тоа нема никогаш да го дозволам како министер. Јас работам во интерес на граѓаните и до сега од сработеното на јавните обвинители гледам посветеност, гледам како 11 обвинители се фокусирани на целосно расчистување на овој случај, заедно со истражителските тимови на МВР, нешто што во минатото било незамислива именка, истакна Тошковски, одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето на Денот на Царината.

Тој подвлече дека никој нема да биде толериран.

-Не само во минатото, туку и сега ќе се постапи. Гледате, првпат во Македонија има факти кои за разлика од претходно говорат сами по себе дека ова МВР поинаку работи од претходно. Кажете ми друг пример кога МВР „ин флагранти“ фатило врховен судија или постапувало против активно обезбедување на највисоки функционери во државата или активен министер на моментална Влада по насоки, координација и по наредна на ЈО. Амнезија имаше во минатото кога за несреќи во кои загинаа 75 луѓе МВР не поднесе ниту една кривична пријава против ниту едно осомничено лице. Амнестија тогаш имаше, сега не можам да се согласам дека има зашто МВР има поднесено во континуитет три кривични пријави ако не и четири и се постапува моментално по над 50 осомничени. Не може да се компарираме дури ни со вакви случаи во далеку поразвиени земји од аспект на тоа колку далеку е отидена истрагата. Им честитам на обвинителите кои покажаа дека навистина можело да се работи и поинаку во Македонија. Истрагата се води од Јавното обвинителство, МВР ги поднесе кривичните пријави кои до моментите на преземање дејствија сметаше дека треба да бидат поднесени. Против секој еден за кој има докази е пооднесена пријава од страна на МВР, рече Тошковски.

По акцијата во сабота за приведување на новосомничените и проширувањето на истрагата, Основниот суд Кочани завчера го прифати барањето на Обвинитеството и определи 30-дневен притвор за четири лица, за шест лица куќен притвор согласно член 163 и мерки за претпазливост согласно член 146 од Кривичниот законик, а за осум лица мерка за претпазливост согласно членот 146.  Имаат право на жалба во законскиот рок, во зависност од мерката што им е одредена, од 24 часа до 72 часа. Сите, како и претходните за кои беше поведена истрага, се осомничени за „Тешки дела против општата сигурност“ од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик, но не е исклучено да има обвиненија и по други кривични дела ако тимот јавни обвинители што ја води истрагата го оцени тоа.

Како што соопшти државниот обвинител Љупчо Коцевски завчера на прес-конференција, досега е поведена истрага кон 45 физички и три правни лица. Едно од физичките лица во меѓувреме почина и против него истрагата ќе биде прекината. Дополнително се води истрага и против седум полициски службеници.

Во однос на одговорноста на локалните власти, врз основа на досегашните истражни дејствија, покрај тројцата градоначалници на Кочани кои се веќе осомничени, Обвинителството дошло до основано сомнение за можна одговорност и на тројца овластени општински градежни инспектори, кои постапиле спротивно на своите надлежности и овластувања од Законот за градење и Законот за инспекциски надзор, потенцира дека воопшто не извршиле никаква инспекциска контрола на објектот кој со години бил незаконски пренаменет од објект за лесна индустрија во угостителски објект без никакви безбедносни стандарди.

Во рамки на Дирекцијата за заштита и спасување, освен претходно осомничениот директор, истрага е поведена за уште три лица на истата функција, вклучително и актуелниот директор, како и против генералниот инспектор во Дирекцијата кој бил на таа позиција во текот на целиот период на функционирање на клубот.

Покрај претходно осомничениот министер за економија, државен секретар и уште тројца раководни службеници, сега новоосомничени се уште три лица кои во одреден период од функционирање на клубот ја извршувале функцијата министер за економија, двајца државни секретари и уште три службени лица на раководни позиции надлежни на одделите за угостителство и туризам, кои се сомничат.

Од аспект на Државниот пазарен инспекторат, истражните дејствија до овој момент, покрај тројца веќе осомничени, според Обвинителството, упатуваат на основани сомненија на уште четири пазарни инспектори кои биле надлежни да вршат инспекциски надзор за правилна примена на важечките закони и подзаконските акти.

Во пожарот на 16 март годинава во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 61 лице, а околу 200 млади луѓе беа повредени. Девет лица од повредените се лекуваат во болници низ Скопје, а 48 во странство.  Експерти од Англија и наши доктори подготвуваат протокол за тежина на клиничката слика на пациентите од трагедијата во Кочани.

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денска ќе одржи и друга седница, на чиј дневен ред е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за процена, во второ читање.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ