• Latest

Омбудсман: Животната средина во фокусот: 15 општини под лупа поради загадување

April 15, 2025
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Омбудсман: Животната средина во фокусот: 15 општини под лупа поради загадување

April 15, 2025 16:00
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Преглед на извештајот од Народниот правобранител за 2024 година

Најмногу поплаки од граѓаните до Народниот правобранител во 2024 година биле поднесени поради проблеми со лични документи, особено пасошите, покажува Годишниот извештај за човековите права, кој денеска го презентираше омбудсманот Насер Зибери.

Од вкупно 2705 претставки заведени во текот на минатата година, дури 408 се однесувале на граѓански состојби, што претставува 15 отсто од вкупниот број. Најголем дел од нив биле поврзани со нефункционалниот систем за издавање пасоши – од немање термини, до бавно одобрување и испорака на документите.

„Овој проблем директно влијаеше на слободата на движење, пристап до здравствена заштита, учество на меѓународни настани и стручно усовршување во странство“, истакна Зибери на прес-конференцијата.

Загадениот воздух и „фантомите“ повторно на агендата

Правобранителот регистрира зголемен број претставки и во областа на животната средина. Освен веќе познатите поплаки за бучава, граѓаните се жалеле и за загадување на воздухот, водата и почвата. Формирани се предмети за загадувањето во 15 општини, чиј воздух е меѓу најлошите во Европа, и покрај тоа што општините тврдат дека преземаат мерки.

Во извештајот повторно се нотира и појавата на таканаречени „фантоми“ – лица без матичен број и без можност за добивање лични документи, иако претходно беа донесени законски измени со цел решавање на овој долгогодишен проблем.

Неусогласени закони и нефункционално судство

Граѓаните масовно се жалеле дека судовите и извршителите не ги применуваат изменетите законски одредби во областа на извршувањето и облигационите односи, што довело до неправични одземања на плати и пензии. Зибери повика итно да се донесе закон што ќе ја пополни правната празнина создадена со укинувањето на дел од подзаконските акти за вработување на припадници на немнозинските заедници (познатиот „балансер“).

Состојбата во судството, според Зибери, не само што не е подобрена, туку се влошува. Како пример го посочи Апелациониот суд во Штип, кој поради недостиг на судии не успеал да ги почитува роковите за одлучување, со над 2000 заостанати предмети.

Хронични проблеми во затворите и образованието

Во делот за човековото достоинство, правобранителот уште еднаш алармира за нехуманите услови во затворите, каде осудениците живеат во пренатрупани простории, без медицинска грижа и психолошка поддршка. Женските штитенички сѐ уште се сместени во несоодветна просторија во „Идризово“, и покрај донесените законски измени за нивно префрлање.

Сериозни проблеми се евидентирани и во пристапот до образование. Ученици со попречености во средното образование немаат образовни асистенти, а децата со оштетен слух се соочуваат со наставници кои не го владеат знаковниот јазик. Дополнително, бројот на деца питачи останува висок, а државата нема системско решение за нивна ресоцијализација.

Статистика за 2024: Над 3000 претставки

Во текот на 2024 година, Народниот правобранител постапувал по вкупно 3148 претставки, од кои 443 биле пренесени од претходната година. Најголем дел се однесувале на повреди од јавните служби (37%), следени од повреди од централната власт (32%).

Годишниот извештај е веќе доставен до Собранието на 27 март 2025 година.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ