Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, на прес-конференција во понеделникот во Луксембург, по средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ, претставувајќи ја состојбата во сите земји кандидати, истакна дека стабилноста и безбедноста на Западниот Балкан се суштински за ЕУ и дека процесот на проширување на ЕУ е многу важен и мора да напредува.
„Албанија и Црна Гора прават добри чекори и реформи и се надеваме дека таму ќе имаме успешни приказни. Босна и Херцеговина е во уставна криза. Јасно е дека секој обид за распарчување на Босна и Херцеговина е неприфатлив. Политичките лидери мора да ги премостат разликите, а не да ги продлабочуваат… Во врска со Србија и Косово, нормализацијата на односите е од најголемо значење, затоа мора да продолжи дијалогот Белград-Приштина“, рече Калас.
Во однос на Северна Македонија, шефицата на европската дипломатија го кажа следното:
Изјавата на Каја Калас за Северна Македонија ви ја пренесовме во целост, со сите детали и финеси.
Оградување, одбрана и заштита: Ова е козерија. Секоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна.