• Latest
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски (фото извор: веб страница на Претседателот на Украина)

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски: Триесет часа се доволни за насловни страници – триесет дена би му дале шанса на мирот

April 19, 2025
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Србија – Украина: Цената на Вучиќ

August 7, 2026
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Ватос – капина или како стигнавме до таму, змиите да ни бидат друштво

August 6, 2026
Тематска дебата на СДА Македонија, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ОРБИТАТА НА СРПСКИОТ СВЕТ: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика – дебата на СДА Македонија

August 5, 2026

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ КИЈИВ: Најмалку 17 загинати и 44 повредени во нов масовен напад со ракети и дронови

August 5, 2026
СЛОБОДА | Кијив, 22 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Животот и демократијата се обновуваат под оган: Детален запис од мисијата на Media Dialogue во Украина

August 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски: Триесет часа се доволни за насловни страници – триесет дена би му дале шанса на мирот

April 19, 2025 23:18
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски (фото извор: веб страница на Претседателот на Украина)

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски (фото извор: веб страница на Претседателот на Украина)

Share on FacebookShare on Twitter

Предлогот за целосен и безусловен прекин на огнот во траење од 30 дена останува без одговор од Русија веќе 39 дена. Соединетите Американски Држави го поднесоа овој предлог, Украина одговори позитивно, но Русија го игнорираше, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи.

„Доколку Русија сега, веднаш, е навистина подготвена да се вклучи во формат на целосен и безусловен прекин на огнот, Украина ќе делува соодветно – одговарајќи реципрочно на акциите на Русија. Тишина за тишина, одбранбени удари за напад. Доколку навистина се воспостави целосен прекин на огнот, Украина предлага тој да биде продолжен и по Велигден, 20 април“, напиша Зеленски.

Само на тој начин, според украинскиот лидер, може да се согледаат вистинските намери на руската страна.

„Тоа ќе ги открие вистинските намери на Русија – бидејќи 30 часа се доволни за насловни страници, но не е за вистински мерки за градење доверба. Триесет дена би му дале шанса на мирот“, тврди Зеленски.

Тој ја извести светската јавност дека руското артилериско дејствување не е запрено. Тоа можеше да се утврди и на онлајн апликациите за следење на воените дејствија во Украина. На пример, во текот на целиот ден имаше извештаи дека рускиот агресор дејствува со пешадија и отвора артилериски оган во Харкивската и Днипропетровската област.

Областите Харкив и Днипропетровск, Украина, 19 април 2025

„Според извештаите на Главниот командант, руските офанзивни операции продолжуваат на неколку делови од фронтот, а руското артилериско дејствување не е запрено. Затоа, нема доверба во зборовите што доаѓаат од Москва. Премногу добро знаеме како Москва манипулира и сме подготвени на сè. Одбранбените сили на Украина ќе делуваат рационално – соодветно на ситуацијата. Секој руски напад ќе добие соодветен одговор“, пишува украинскиот претседател Володимир Зеленски и додаде дека очекува детални извештаи во 21:30 и 22:00 часот од Главниот командант Олександр Сирски, по неговите разговори со командантите на бригадите и други единици на фронтот за состојбата во конкретни правци.

Оваа информација ја сподели и украинската амбасадорка Лариса Дир на Х.

Претседателот на Украина, г-дин Володимир Зеленски: pic.twitter.com/RQMtZGoEsc

— Larysa Dir (@dir_larysa) April 19, 2025

Путин ненадејно објави 30-часовен прекин на огнот, иако претходно 39 дена го игнорираше планот за прекин на огнот што го понудија САД, а претседателот на Украина го прифати. Притоа, иако Путин објави 30 часовен прекин на огнот, руското оружје не мирува, како во споменатите Харкивска и Днипропетровска област, така и во Кијив над кој се појавија руски ударни дронови во текот на денот.

Објавата на еднодневниот прекин на огнот доаѓа по изјавата на американскиот претседател дека САД ќе се откажат од тоа што тој го подразбира под „мировен процес“. Путин очигледно прави само уште еден пи-ар маневар пред светската и руската јавност, во обид да се прикаже како миротворец. А пред само една недела, на Цветници, две балистички ракети усмртија 35 цивили и ранија 117 во центарот на Суми – најсмртоносен напад врз цивилни цели од почетокот на оваа година.

Џ. Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ