Настанот, кој остави траги врз семејствата и заедницата, сè уште предизвикува реакции, прашања и потреба од одговорност.
Надлежните институции соопштија дека се спроведува истрага за причините и околностите под кои настанал пожарот. Семејствата на жртвите и пошироката јавност очекуваат одговорност, транспарентност, брза постапка и правична одлука од судските органи.
Прашањето за правдата не се однесува само на казнување, туку и на начинот на кој општеството се однесува кон жртвите, нивните најблиски и потребата од превенција на слични трагедии во иднина.
Оставаме простор за вашите мислења, ставови и коментари.
Редакција ЦИВИЛ Медиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.