Украинските специјални сили од 73-от Центар за поморски специјални операции спроведоа напад врз руските позиции во Курската област, заробувајќи двајца руски војници, и со тоа го оспорија тврдењето на Москва за повторно освојување, објави прес-службата на Силите за специјални операции на 27 април, пренесува Кијив Индипендент.
„Додека началникот на Генералштабот на руските вооружени сили (Валериј) Герасимов известува за „ослободувањето“ на Курската област од украинските безбедносни и одбранбени сили, оперативците на 73-от Центар за поморски специјални операции продолжуваат успешно да извршуваат мисии во областа“, се вели во соопштението.
За време на операцијата, единица од 810-та морска бригада на Русија беше цел и уништена, тврди украинската војска.
Украинските специјални сили заробија двајца војници за време на мисијата; едниот беше евакуиран на носилка, додека другиот можеше да оди, соопшти војската.
„иев Индепендент не можеше веднаш да ги потврди тврдењата.
На 27 април, вршителот на должноста командант на руската 810-та бригада на Црноморската флота му извести на рускиот претседател Владимир Путин дека „расфрланите групи и поединечни војници“ на украинските вооружени сили кои се борат во Курската област „наскоро ќе бидат уништени“.
Изјавата е во спротивност со претходното тврдење на Герасимов дека руските сили целосно ја вратиле територијата на Курската област, рускиот пограничен регион делумно контролиран од Украина од минатиот август.
М. Д.