• Latest

24 ЧАСА: Граѓаните во очекување на нови ценовни шокови; Додик со опасни шовинистички провокации; Индија и Пакистан на работ на војна

April 30, 2025
Фотографијата покажува пламен како се издига од рафинеријата за нафта Новошахтинск по нападот со дрон на 21 август 2025 година. Фото: Astra / Telegram

Украински напад со дронови предизвика пожар во рафинерија за нафта во руската област Ростов

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно

August 21, 2025
Фото: МИА Архива

Годишната инфлација во ЕУ во јули од 2,4 проценти

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на CCTV+

Кинескиот претседател Си во ненадејната посета на анектираниотТибет

August 21, 2025

ДЗР: Системот за заштита на жените жртви на насилство е недоволно ефикасен

August 21, 2025

Кривична за „тероризам“ против скопјанец за лажна пријава за подметната бомба во авион на скопскиот аеродром

August 21, 2025
Во моментов, законот за прераспределба е усвоен во Претставничкиот дом на ТексасФото: Скриншот од видео на ВВС

Пратениците од Тексас одобрија нова изборна мапа прекроена во корист на републиканците

August 21, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Од 18 пожари на отворен простор, 3 се активни, 15 се под контрола и изгаснати

August 21, 2025
Штета во Лвив како резултат на рускиот ракетен и беспилотен напад врз западна Украина во текот на ноќта на 21 август 2025 година. Фото: Андри Садови/Телеграм

Во масивен руски воздушен напад на украинските градови далеку од линијата на фронтот убиено 1 лице, повредени 14, и покрај мировните преговори

August 21, 2025
Експлозии го осветлуваат хоризонтот додека Израел ги започнува првите фази од нападот врз градот Газа. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел ja започна првaта фаза од офанзивата врз градот Газа

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Граѓаните во очекување на нови ценовни шокови; Додик со опасни шовинистички провокации; Индија и Пакистан на работ на војна

24 ЧАСА: Заврши ограничувањето на маржите, граѓаните уплашени од ценовни шокови; изјавите на Додик опасни шовинистички провокации, смета аналитичарот Церо; Индија и Пакистан на работ на војна

April 30, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Завршува мерката за ограничување на маржите, ќе има ли нови ценовни шокови за граѓаните?

Истекува мерката за ограничување на цените и маржите што ја воведе Владата пред рамазанските и велигденските празници. Од Министерството за економија и труд велат дека прво ќе ги согледаат конечните резултати што ги даде мерката, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму. Доколку има злоупотреби најавуваат нови поригорозни мерки.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Харун Церо: Изјавите на Додик се опасни шовинистички провокации вкоренети во етнички супремацизам и историски ревизионизам

„Неодамнешната изјава на Милорад Додик, во која се сугерира дека Бошњаците „да се вратат на својата стара православна вера“, претставува гротескно искривување на историјата, напад врз верската слобода и директна закана за уставниот поредок и мултиетничкиот карактер на Босна и Херцеговина. Овие изјави не се „конструктивни предлози“ – тие се опасни, шовинистички провокации вкоренети во етнички супремацизам и историски ревизионизам. Да се ​​сугерира еден цел народ да ја напушти својата религија за да задоволи националистичка визија за држава „со мнозинство српско население“ не е само длабоко навредливо, туку ја одразува и самата логика на културното бришење и присилната асимилација што доведоа до злосторствата во 1990-тите“, изјави политичкиот аналитичар од Сараево, Харун Церо, за ЦивилМедиа.

РЕГИОН

Геноцидната реторика на Додик ескалира: Бошњаците да и се вратат на православната вера за да може БиХ да има мнозинство Срби

Претседателот на ентитетот Република Српска, Милорад Додик, во обраќање до јавноста по состанокот на владејачката коалиција во РС, во досега најсилната геноцидна реторика од негова страна, изнесе низа навредливи, шовинистички и историски неосновани тврдења што предизвикаа бројни реакции во регионалната јавност. Најскандалозниот и навредлив дел од неговиот говор се однесуваше на директен повик до Бошњаците е „ да и се вратат на православната вера“, со тврдење дека во тој случај Босна и Херцеговина ќе биде „ со српско мнозинство“ и дека „само како таква може да постои“.

СВЕТ

Индија и Пакистан на работ на војна, критични следните 24 до 36 часа

Пакистанскиот министер за информации вели дека земјата има „кредибилни разузнавачки информации“ дека Индија има намера да започне воен напад во следните 24 до 36 часа. Војниците од двете страни разменија повремени оган од лесно оружје преку границата во последните денови. Постоеја шпекулации дали Индија ќе одговори со воени напади врз Пакистан, како што направи по смртоносните милитантни напади во 2019 и 2016 година.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Работнички права

СЛОБОДНА ЗОНА

„Со време – откако ми стана јасно дека по падот на режимот што го насади грамадниот кич Скопје 2014, никој нема да направи нешто да го поправи градот и да ги казни убијците на естетиката – развив одбранбен механизам: не ги забележував. Иако доминираат во централниот дел од градот во кој поминав најголем дел од животот, зданијата и спомениците на тој чудовишен проект – симбол на длабоко искомплексирана, а истовремено и грабежлива и насилничка власт – јас едноставно не ги гледав. Со години. Но реалноста, нели, е посилна. Тоа сончево попладне се втурна во мојот видокруг и – одново – ме порази со својата грдотија и бесмисленост“, пишува Џабир Дерала во „Град окован во лаги и срам: Туристички водич низ отворениот музеј на кичот“

„И сега му ја запалиле куќата, односно викендичката, некористена некој период, стоела така, за секој случај, да се најде.. Има се, може се. И тука морам да се сложам со изјавата на Пандов дека „ова е цената за удирањето по мафијата! Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците!“ Е да, точно е, си знаеш ти, една од главние одлики на криминалците и мафијашите се меѓусебните пресметки. Кој да биде поблиску до капото, кој да заземе повисока позиција, кој да запосли повеќе роднини, сватови, пријатели…“, пишува Драган Мишев во „Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм“.

Подготви: Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ