• Latest

Геноцидната реторика на Додик ескалира: Бошњаците да и се вратат на православната вера за да може БиХ да има мнозинство Срби

April 30, 2025

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Геноцидната реторика на Додик ескалира: Бошњаците да и се вратат на православната вера за да може БиХ да има мнозинство Срби

April 30, 2025 12:42
in ВЕСТИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на ентитетот Република Српска, Милорад Додик,  во обраќање до јавноста по состанокот на владејачката коалиција во РС, во досега најсилната геноцидна реторика од негова страна, изнесе низа навредливи, шовинистички и историски неосновани тврдења што предизвикаа бројни реакции во регионалната јавност,пишува Klix.ba, пренесе ЦивилМедиа.

Во своето обраќање, Додик рече дека Босна и Херцеговина „се распаѓа“ и дека нејзината трага „смрди на нечовечност“. Во неколку наврати, тој ја оспори легитимноста на високиот претставник Кристијан Шмит, нарекувајќи го „нелегален“ и тврдејќи дека „муслиманите“ (како што постојано ги нарекува Бошњаците) , „ги прифаќаат неговите одлуки и се надеваат на вторo пoлувреме“.

Најскандалозниот и навредлив дел од неговиот говор се однесуваше на директен повик до Бошњаците е „ да и се вратат на православната вера“, со тврдење дека во тој случај Босна и Херцеговина ќе биде „ со српско мнозинство“ и дека „само како таква може да постои“.

„Решението за Босна и Херцеговина е следново: муслиманите да се вратат на својата стара православна вера. Се обидуваме да дадеме конструктивни предлози. Постојат докази дека нашите предци се преобратиле во ислам под отоманска принуда. Затоа ова е вистинското решение за мене“, рече Додик.

Додик  понатаму изјави дека „Бошњаците треба да се вратат на религијата на своите предци, за да може Босна и Херцеговина да биде мнозинство Срби“.

Додик зборуваше и за статусот на Брчко, презентирајќи нејасен предлог округот „да се врати во Федерацијата, но 50 проценти“, додавајќи дека тогаш „треба да се повлече линијата на разграничување“. Тој ја обвини бошњачката страна дека Брчко е наменето како „клин во рамките на РС“, тврдејќи дека Србите се мнозинство таму и дека „нема прашање за заземање на таа област“.

На крајот од своето обраќање, тој го повтори својот претходен став дека Србија треба да застане зад Република Српска, велејќи дека „одбраната на Србите, без разлика каде се наоѓаат, е државен интерес на Србија“.

„Србија стои зад Република Српска. Во своите одбранбени планови, Србија рече дека одбраната на Србите, каде и да се, е државен интерес. Повторувам, нека се вратат Бошњаците во православната вера и Босна и Херцеговина ќе биде мнозинство српско, а потоа можеме заедно да изградиме држава.“

Во неговите изјави, имаше и пораки протолкувани како отворено поткопување на уставниот поредок на Босна и Херцеговина и поттикнување на верска и национална нетрпеливост.

Д. Т. 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ