• Latest
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Ватос – капина или како стигнавме до таму, змиите да ни бидат друштво

August 6, 2026
Тематска дебата на СДА Македонија, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ОРБИТАТА НА СРПСКИОТ СВЕТ: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика – дебата на СДА Македонија

August 5, 2026

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ КИЈИВ: Најмалку 17 загинати и 44 повредени во нов масовен напад со ракети и дронови

August 5, 2026
СЛОБОДА | Кијив, 22 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Животот и демократијата се обновуваат под оган: Детален запис од мисијата на Media Dialogue во Украина

August 4, 2026
фото: ВИ

Италија предлага мигрантски центри во трети земји по моделот на Албанија

August 4, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Коалиција од 25 американски сојузни држави ја тужат администрацијата на Трамп поради новите увозни царини

August 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025 20:58
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

Share on FacebookShare on Twitter

Министрите за надворешни работи и другите претставници на државите-учеснички во Коалицијата за создавање на Специјален трибунал за злосторството на агресија против Украина ја усвоија Лвивската изјава. Го пренесуваме преводот на македонски интегрално:

Ние, министрите за надворешни работи и другите претставници на државите-учеснички во Коалицијата за создавање на Специјален трибунал за злосторството на агресија против Украина (во понатамошниот текст – Коалицијата на држави), се собравме денес, 9 мај 2025 година, во Лвив – град кој одиграл значајна улога во формирањето на експерти по меѓународно право кои ги поставиле темелите на современото меѓународно кривично право,

Повикувајќи се на Резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации A/RES/ES-11/1 од 2 март 2022 година со наслов „Агресија против Украина“, со која најостро се осудува агресијата на Руската Федерација против Украина во спротивност со член 2(4) од Повелбата на Обединетите нации,

Повикувајќи се на Резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации A/RES/ES-11/6 од 23 февруари 2023 година со наслов „Принципите на Повелбата на Обединетите нации како основа за сеопфатен, праведен и одржлив мир во Украина“,

Изразувајќи благодарност за работата спроведена од правните експерти во рамките на Коалицијата на држави на изготвувањето на правните инструменти неопходни за создавање на Специјален трибунал за злоството на агресија против Украина, започнувајќи од јануари 2023 година,

имајќи ја предвид Виенско-Рижката изјава на Коалицијата од 22 ноември 2024 година,

Водени од заедничката цел да се обезбеди одговорност за злоството на агресија извршено против Украина,

Го изјавуваме следново:

  1. Го поздравуваме завршувањето на техничката работа на нацртите на правните инструменти потребни за создавање на Специјалниот трибунал за злоството на агресија против Украина во рамките на Советот на Европа.
  2. Ја потврдуваме клучната важност на Специјалниот трибунал во обезбедување на правда преку изведување пред правдата на оние кои ја сносат најголемата одговорност за овој најтежок меѓународен злостор извршен против Украина.
  3. Истакнуваме дека по неговото формирање, Специјалниот трибунал, согласно својот Статут, ќе суди со целосно почитување на меѓународното право и човековите права, со цел обезбедување одговорност за злоството на агресија и зајакнување на меѓународниот правен поредок.
  4. Изразуваме благодарност до сите кои активно придонесоа во подготовката на нацртите на правните документи неопходни за создавање на Трибуналот, особено до правните советници кои учествуваа во работата на Коалицијата на држави.
  5. Ја нагласуваме централната улога на Советот на Европа во создавањето на Специјалниот трибунал и го признаваме значајниот придонес на Европската комисија и Европската служба за надворешни дејствија, вклучително и нивната работа на Нацрт-договорот помеѓу Украина и Советот на Европа за основање на Специјалниот трибунал, Нацрт-статутот на Трибуналот и Нацрт-договорот за проширена парцијална спогодба со која се утврдуваат условите за поддршка на Трибуналот, вклучително и неговото финансирање и други административни аспекти.
  6. Ја потврдуваме нашата цврста определба за процесот на создавање на Специјалниот трибунал во рамките на Советот на Европа, за неговото што поскоро активирање и поддршка на неговото ефективно функционирање.
  7. Со цел проширување на меѓународната поддршка за Специјалниот трибунал, ги повикуваме другите држави и меѓународни организации да се приклучат на нашите напори и активно да придонесат кон работата на Трибуналот.
  8. Ние, кои ги претставуваме државите-членки на Советот на Европа, со нетрпение го очекуваме состанокот на Комитетот на министри на Советот на Европа во Луксембург на 13–14 мај 2025 година, што ќе претставува следниот чекор кон формализирање на создавањето на Специјалниот трибунал во рамките на Советот на Европа.

*Оваа изјава беше усогласена во присуство на Каја Калас, Висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика – потпретседателка на Европската комисија, и Мајкл МакГрат, Комесар на Европската Унија за демократија, правда, владеење на правото и заштита на потрошувачите.

Извор: МНР на Украина
Овозможено со љубезна поддршка од Амбасадата на Украина

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ