• Latest
фото: скриншот МИА

Васил Јованов осуден на 12 години затвор, таткото на загинатата Фросина Кулакова го напушти судењето и го нарече судот „мафија“

May 13, 2025
Фотографијата покажува пламен како се издига од рафинеријата за нафта Новошахтинск по нападот со дрон на 21 август 2025 година. Фото: Astra / Telegram

Украински напад со дронови предизвика пожар во рафинерија за нафта во руската област Ростов

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно

August 21, 2025
Фото: МИА Архива

Годишната инфлација во ЕУ во јули од 2,4 проценти

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на CCTV+

Кинескиот претседател Си во ненадејната посета на анектираниотТибет

August 21, 2025

ДЗР: Системот за заштита на жените жртви на насилство е недоволно ефикасен

August 21, 2025

Кривична за „тероризам“ против скопјанец за лажна пријава за подметната бомба во авион на скопскиот аеродром

August 21, 2025
Во моментов, законот за прераспределба е усвоен во Претставничкиот дом на ТексасФото: Скриншот од видео на ВВС

Пратениците од Тексас одобрија нова изборна мапа прекроена во корист на републиканците

August 21, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Од 18 пожари на отворен простор, 3 се активни, 15 се под контрола и изгаснати

August 21, 2025
Штета во Лвив како резултат на рускиот ракетен и беспилотен напад врз западна Украина во текот на ноќта на 21 август 2025 година. Фото: Андри Садови/Телеграм

Во масивен руски воздушен напад на украинските градови далеку од линијата на фронтот убиено 1 лице, повредени 14, и покрај мировните преговори

August 21, 2025
Експлозии го осветлуваат хоризонтот додека Израел ги започнува првите фази од нападот врз градот Газа. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел ja започна првaта фаза од офанзивата врз градот Газа

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Васил Јованов осуден на 12 години затвор, таткото на загинатата Фросина Кулакова го напушти судењето и го нарече судот „мафија“

Ова не е судење за сообраќајка, ова е судење за грабеж на живот и иднина. Барам највисока казна не за одмазда, туку за правда, рече мајката на Фросина, Камелија Кулакова.

May 13, 2025 11:10
in ВЕСТИ, ПРАВДА
фото: скриншот МИА

фото: скриншот МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Казна затвор од 12 години му одреди Судот на Васил Јованов, врз основа на признание на вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Судијката Снежана Марковска, на објавувањето на пресудата денеска во Основниот кривичен суд Скопје рече дека како олеснителни околности Судот ги ценел признанието на вина и чувството на вина, како и свесноста за степенот на кривичното дело што го сторил и последиците, возраста и немањето доволно искуство, поранешениот живот – активен студент и спортист и неговото однесување по сторувањето на делото, додека како отежнителни интензитетот на дејствијата и прекршување на голем број бланкетни норми од Законот за сообраќај, како и степенот на опасност од предизвикување на ова дело и тоа што обвинетиот е претходно осуден на казна затвор од три години и десет месеци за недозволена трговија со дрога и фактот што против него пред судот се отворени уште неколку постапки за поминување на црвено и загрозување на животот на пешаците и целосно игнорантскиот однос кон нив.

Особено како отежнителна околност судот ја цени загубата на еден млад живот, што најмногу ја чувствуваат родителите и семејството.

Судот внимавајќи на целите од законот и сите околноста за висината на казната и даденото признание на вина ја одреди следната пресуда: -Обвинетиот Васил Јованов е виновен затоа што без возачка, на црвено, под дејство на алкохол поминал на пешачки и удрил во пешакот Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло, и од кои се здобила со тешки повреди од кои на лице место настапила смрт. Судот го осудува на казна затвор од 12 години, во кое му се засметува и времето поминато во притвор, забрана за управување со возило од пет години и да плати парична казна и трошоци за судската постапка, изјави судијката.

Пресудата не е правосилна и Јованов има право на жалба пред второстепен суд.

Јованов на минатото рочиште пред Судот призна вина за делото и изрази каење. Според обвинението тој на 29 јануари годинава, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, поминувајќи на црвено светло на пешачки премин, при што удрил во Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место. За делото за кое се товари Јованов е предвидена затворска казна до 20 години.

-Не можам да објаснам какво каење чуствувам. Не поминал ден да не се помолам за душата на Фросина и за нејзината фамилија. Тоа е нешто што ќе ме прогонува до крајот на мојот живот. Сакам уште еднаш да искажам најдлабоко сочувство и извинување на семејството и на сите кои ги познавам, изјави Јованов, во завршен збор пред Судот.

На првото рочиште што се одржа мината недела се изведуваа само докази кои се однесуваа на висината на казната, а не и за настанот, со оглед дека Јованов го призна делото.

Обвинителот Александар Марковски, како докази за одмерување на видот и висината на казната, пред судот го наведе тоа што за Јованов има правосилна пресуда со казна затвор од три години и десет месеци и пет прекршочни постапки кои не се процесуирани за разни сообраќајни прекршоци.

Адвокатот на семејството Кулакови, во завршниот збор побара највисока казна за обвинетиот, земајќи ги како отежнителни околности тоа што управувал возило без возачка дозвола, под дејство на алкохол и без почитување на сообраќајните правила.

Бранителот на Јованов во завршниот збор рече дека во оваа сообраќајна несреќа губитници се двете семејства и дека е тешко и за семејството на загинатата Фросина, но исто така е тешко, како за обвинетиот, така и за неговото семејство. Повика да се престане со инсинуации, нагласувајќи дека Васил ниту избегал, ниту се обидел, и да било така, дека обвинителот ќе го гонел и за неукажување на помош.

Тој пред судот достави докази за положени испити на факултет и медали од освоени натпревари во бокс, доказ од Ракометнана федерација дека е регистриран играч за сезоната 2021-22 и видео со времетраење од 36 секунди, за кое рече дека одбраната сака да го покаже пред Судот односот на обвинетиот непосредно по стореното дело и неговото искрено каење извикувајќи „леле што направив” и „греота за девојчето”.

Мајката на Фросина, Камелија Кулакова, во завршен збор пред Судот на минатото рочиште, рече дека не е само мајка што го изгубила своето дете, туку човек со откорната душа.

– Денеска сум гласот на Фросина, бидејќи таа не може да зборува. Кажете ми кој збор од законот може да го опише ова и да ја опише болката што ја имам. Ова не е судење за сообраќајка, ова е судење за грабеж на живот и иднина. Барам највисока казна не за одмазда, туку за правда, рече таа.

Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог и против таткото на Васил, Зоран Јованов, за кривично дело „предизвикување општа опасност“ од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинението се однесува на периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година, во кој Зоран Јованов дозволувал на својот син Васил Јованов да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека синот нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти вклучително и сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова.

Извор МИА / Фото: скриншот МИА
Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ