„Сега живееме во време на длабоки промени. Ерата на ‘крајот на историјата’, како што ја замислил Фукујама, се ближи кон крајот. Сé што постоеше од крајот на Втората светска војна полека бледее. Се наоѓаме на раскрсница: или ќе се држиме до стариот свет и ризикуваме да изгубиме сé, или ќе станеме дел од коалицијата на подготвените —подготвени за промена, подготвени да прифатиме нова реалност и подготвени да дејствуваме“, рече украинскиот пратеник Олех Дунда на настанот на Вестминистерскиот сојуз за Украина.
„Европските воени сили се, на многу начини, морално и идеолошки застарени. Тие бараат радикална модернизација врз основа на принципите што ги покажа украинската армија“, рече Дунда.
Превод: Н. Цветковска