Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, за време на посетата на Белград, нагласи дека Србија мора да спроведе конкретни реформи и да го подобри дијалогот со Приштина за да напредува по европскиот пат.
За време на средбата со српското раководство, опозицијата, претставниците на граѓанското општество и младите, беше разговарано за актуелната политичка состојба во Србија, односите меѓу Србија и Русија и кризата во Босна и Херцеговина. Калас нагласи дека на состаноците слушнала спротивставени мислења, но дека стратешката определба на Србија за пристапување во Европската Унија е јасна.
Претставници на парламентарната опозиција, по средбата со Каја Калас, соопштија дека ја информирале високата претставничка на Европската Унија за, како што тврдат, антиевропската пропаганда предводена од владата во Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ.