Апелациониот суд донесе одлука за ослободување на Шабан Салиу, поранешниот притворен министер без ресор, кој беше еден од осомничените во случајот со трагичниот пожар во Кочани.
Според неговиот адвокат Шенај Османов за Roma News, судот оценил дека нема сомнение за негова понатамошна инволвираност во истрагата која ја води Обвинителството, објави Рома Њуз.
На Салиу му се изречени мерки на претпазливост, вклучувајќи одземање на патната исправа, и редовно јавување кај надлежните органи.