• Latest
Јане Ѓорѓиоски

Додека лавчињата се касаат

June 1, 2025

24 ЧАСА: Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари; Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, реагира Силјановска Давкова; Нетанјаху сака „целосно освојување“ на Газа

August 5, 2025

Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари – дел од нив наредната недела ќе бидат вклучени во гаснење на пожари со помал ризик

August 5, 2025
Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Трибините – огледало на политиката

August 5, 2025

Трагична тепачка ноќеска во Психијатриската болница Бардовци – осуден убиец усмрти друго лице

August 5, 2025

Партијата на Додик ја отфрла пресудата на Судот на Босна и Херцеговина, повикува на „влада на национално единство“

August 5, 2025
Богојески „му држи грб“ на Мицкоски додека го осудува националистичко скандирање на дел од навивачите во Куманово

Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

August 5, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски од дрвото не може да ја види шумата

August 5, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Спортот заложник на национализмот

August 5, 2025
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов

ДЗС: Почна обуката на 400 кандидати кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

August 5, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Додека лавчињата се касаат

June 1, 2025 20:01
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Јане Ѓорѓиоски

Јане Ѓорѓиоски

Share on FacebookShare on Twitter

ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Додека вмровските, дуиовските и вленовските мачиња и лавчиња се касаат, Скопје, чаирчани, дебармаалци, аеродромци, ѓорчепетровци, киселоводци и другите граѓани се гушат во дивоградби, тонат жедни во ѓубре и смет и се чудат што му направивте на градот. Оние што би требало да носат одлуки се борат на грбот на скопјани, продолжуваат со ганстерски пуцкарања и влегуваат во лични пресметки поради политички и тендерски анимозитет. Во недостиг од институции и визија, добиваме селфи пресметки и фејсбук-драми на ниво на баци-пцуј-блуј.

Фуј!

Од една страна Данела Арсовска, која ја закачија вмровците на градскиот престол, откако се одметна од јатаците ради велат „тендерски несогласувања“, со години ја води метрополата (читај со мало прсте не мрдна) со реторика на независна хероина во постапка, сега одеднаш открива дека Висар Ганиу и Изет Меџити се шампиони на урбаната мафија. Алелуја, Данела!

Од друга страна, Мицкоски – новиот „патриотски премиер“ бара органите на прогонот и правдата да си ја водат постапката и да не се крева многу галама околу ова. Вели имало од се по нешто и дека наскоро ќе сме дознаеле и други детали. Какви детали црни Мицко и зошто наскоро, се прашувате? Па затоашто за да се испеглаат и дотераат политичките калкулации и тендерските љубовчиња секогаш треба време и секогаш се поважни од животот на граѓаните.

Во меѓувреме, скопјани и чаирчани буквално страдаат. Не како метафора – туку со реална жед и мизерија. Тука се и фарсите од типот – „ЈП Водовод и канализација информира дека системот се празни пребрзо поради прекумерна потрошувачка и неефикасна мрежа“.

Додека институциите „постапуваат полека и постепено“, граѓаните „од онаа страна на Вардар“, отвораат чешми од кои не тече ништо и се гушат во ѓубре и шут од шутовите што ги водат, односно, што сами си ги избрале. И општински и градски.

И повторно, никој не презема одговорност. Арсовска тврди дека „полицајците не смеат да примат пријава од неа, ѝ затворале слушалка кога ќе слушнат кој пријавува“, Мицкоски вели „жал ми е што Арсовска добива смртни закани и да оставиме ЈО да си сработи“, а Висар Ганиу и Изет Меџити – наместо објаснување за дивоградбите и неплатените сметки на Општината, обвинуваат за „дестабилизација“ и велат не е така само во Чаир.

Единствената константа драги мои во целата оваа калакурница е – Скопје тоне.

Колку време ќе гледаме како ни го цицаат градот со уцени, со калкулации, додека пред камерите си играат гневни мачки и изморени лавови? И не, не ни е гајле кој кому прв рекол лопов, корумпиран или што ти јас знам како. Ни е гајле што го угушивте градот, што дишеме смрден воздух, водата не тече, кучиња скитници касаат луѓе на плоштад, а ѓубрето станува урбана опрема.

Ако нешто е „дестабилизирано“, тоа е трпението на граѓаните. И ако некој добива поени од ваквиот хаос, тоа не е демократијата, туку криминалот.

А за урбаната култура и упропастената естетика на градот во вакви егзистенционално загрозувачки моменти не останува простор ни да се гукне.

Избори идат. Ќе гукне ли некој?


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Фронтлајн.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: Данела АрсовскаХристијан Мицкоски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ