• Latest

Ја разбра ли Груевски пораката од Малта: Нема мир со популистичка и националистичка реторика!

March 28, 2017
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ја разбра ли Груевски пораката од Малта: Нема мир со популистичка и националистичка реторика!

March 28, 2017 15:18
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Инсистираме на воздржување од етнички провокации и ги осудуваме сите провокации и агресивно однесување кое претставува закана за стабилноста и мирот, имајќи на ум дека мирот не може ниту да се гради, ниту да се одржува, ако е базиран на националистичка, популистичка и радикална реторика. Апелираме дека вадењето на контроверзи од минатото, нема да им помогне на земјите во регионот да се движат напред по нивниот европски пат, туку популизмот и национализмот само ќе ги деконцентрира“, се дел од клучните пораки во драфт-резолуцијата за Западен Балкан од конгресот на Европските народни партии на Малта.

Резолуција за земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, треба да биде усвоена на конгресот на Малта. На средбата присуствува и Емил Димитриев, во својство на премиер кој доаѓа од десничарска сестринска партија, но и Никола Груевски како дел од делегацијата на Македонија, во засега неразјаснето својство. Според „Дојче Веле“ на македонски јазик, „и покрај повеќе барања до првите луѓе на ЕПП и нејзините портпароли, досега никој не сакаше да одговори на прашањата поврзани со учеството на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ на конгресот“.

Сепак, како присутен, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, можел и лично да ја слушне декларација на Европските народни партии, во која се вели дека документот: „Ги охрабрува сите политички фактори да земат целосен удел во демократските процеси и институции на нивните земји и да се фокусираат на структурни реформи кои на нивните економии ургентно им требаат. Ја повторува потребата и ургентноста на Западен Балкан да се движи напред кон судските реформи и да ги етаблира владеењето на правото и независното и транспарентно судство. Повиците за процесот на декриминализација на политичкиот естаблишмент да бидат зајакнати. Силно препорачува земјите од Западниот Балкан да ги интензивираат нивните напори во борбата со корупцијата на сите нивоа, вклучувајќи ги политиката и општеството, со нула толеранција“, се вели во драфт-резолуцијата.

Со нацрт-документот, меѓу другото, се изразува и силна поддршка за слободата и независноста на медиумите, како еден од клучните столбови на демократските општества. Европските народни партии се загрижени за состојбата на медиумите, и остануваат посветени на медиумскиот плурализам и професионализам во регионот.

 

Tags: Европска народна партијаЕмил ДимитриевЗападен БалканМалтаМедиумиНикола Груевски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ