• Latest

24 ЧАСА: Советник во Кочани удри службеничка со шише по глава; Трамп му наложи на Путин прво да посредува – со Русија; израелска болница директно погодена од иранска ракета; ослободени осомничените за настрешницата во Нови Сад

June 19, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Советник во Кочани удри службеничка со шише по глава; Трамп му наложи на Путин прво да посредува – со Русија; израелска болница директно погодена од иранска ракета; ослободени осомничените за настрешницата во Нови Сад

June 19, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Инцидент во Општина Кочани: Советник со шише удри по глава службеничка

На денешнта 65 седница на Советот на општина Кочани дојде до инцидент во кој учествуваа советниците Аки Акиов од Партијата за Демократски Просперитет на Ромите (ПДПР) и Мирче Стојков од ВМРО=ДПМНЕ.…

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека ја одбил понудата на рускиот претседател Владимир Путин да посредува во ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран.

„Разговарав со него вчера и, знаете, тој всушност понуди да помогне во посредувањето. Реков, направи ми услуга. Посредувај сам“, им рече Трамп на новинарите. „Ајде прво да посредуваме со Русија, во ред? Реков, Владимир, ајде прво да посредуваме со Русија. Можеш да се грижиш за ова подоцна.“

РЕГИОН

Ослободени од притвор сите осомничени за падот на настрешницата во Нови Сад

Апелацискиот суд во Нови Сад го укина притворот на уште петмина осомничени во случајот со падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град, кога загинаа 16 лица. Тие беа осудени на домашен притвор од три месеци.…

СВЕТ

Израелска болница директно погодена од иранска ракета, Израел го нападна иранскиот реактор за тешка вода во Арак

Болница во Бершеба во јужен Израел е директно погодена од иранска ракета. Болницата Сорока е значително оштетена, вели портпарол, додека израелската служба за итни случаи вели дека повеќе од 30 лица се повредени.…

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Зошто граѓаните треба да ги платат адвокатите на Мијалков?

Во јавноста повторно се отвори прашањето околу трошоците за правна одбрана на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Дел од медиумите и правни извори информираат дека постои можност државата, односно граѓаните, да ги покријат трошоците за неговите адвокати во еден од судските процеси во кој тој беше обвинет.

Кој е вашиот став? Пишете ни во коментари или пораки. Учествувајте.

Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.

КОНТЕКСТ

Бурна реакција по судската одлука во случајот Мицскоски – Дерала

Претседателот на ЦИВИЛ-Центар за слобода, Џабир Дерала, кој во случајов е предмет на тужење од страна на актуелниот премиер Христијан Мицкоски, во јавно обраќање посочи дека и покрај политичкиот притисок и обидите за заплашување преку исцрпувачки судски процес, останува цврсто посветен на вистината, транспарентноста и демократските вредности.

СЛОБОДНА ЗОНА

Секое посегнување по правосудниот систем и барање негова заштита е слабост на лидерот кој не ја разбира положбата и одговорноста што ја носи тој статус. Ако не сакаш да пливаш во такви води не влегувај во водата е народна мудрост. Замолчувањето на новинарите е чекор кон авторитарно владеење, а не демократски систем каде секој магистрат и е одговорен на јавноста и законот. А ако нема јавност законот е со заврзани очи. Џабир одговара пред јавноста и законот што нема врзани очи, пишува Војо Маневски во текстот „Замолчувањето на новинарите е чекор кон авторитарно владеење“  напишан по повод одлуката на Апелациониот суд кој деновиве ја потврди пресудата на Основниот граѓански суд во Скопје, во судскиот процес што траеше две години, а во која Христијан Мицкоски и неговиот близок соработник, Панче Тошковски го тужеа Џабир Дерала за клевета поради текст пренесен од други медиуми.

Подготви: Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ