• Latest

Апелација им го укина куќниот и им определи ефективен притвор на поранешните директори на Клиниката за онкологија

June 20, 2025
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Апелација им го укина куќниот и им определи ефективен притвор на поранешните директори на Клиниката за онкологија

June 20, 2025 16:04
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство Скопје по мерките куќен притвор и им определи мерка ефективен притвор во траење од 30 дена на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и поранешниот организациски директор Нехат Нухи за случајот „Онкологија“.

Во Апелациониот суд во Скопје денеска  се одржа јавна седница по жалбите на мерката „куќен притвор“ за поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за случајот „Онкологија“. Обвинителството побара укинување на куќниот и определување ефективен притвор, додека Васев побара од судот да се брани од слобода.

Апелациониот суд Скопје, попладнево преку соопштение информира дека е уважена жалбата на Обвинителство и се определува мерка притвор.

–       Постапувајќи по предметот КСЖ-595/25 оформен против обвинетиот Н.В. од С., по одржана јавна седница на ден 20.06.2025 година ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, против Решението на кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје КСП.бр.339/25 од 23.05.2025 година, и истото го преиначи на начин што ја укина мерката куќен притвор определена према обвинетиот Н.В. од С.,  поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 в.в. став 1 в.в. член 45 од КЗ, кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 в.в. став 1 в.в. член 45 в.в. член 22 од КЗ, кривично дело Измама во службата од член 355 став 3 в.в. став 1 в.в. член 45 в.в. член 22 од КЗ и кривично дело Проневера во службата од член 354 став 3 в.в. став 1 в.в. член 45 од КЗ, а поради постоење на причините за мерката притвор определени со одредбата од чл.165 ст.1 т.1 од Законот за кривичната постапка и  ОПРЕДЕЛИ мерка притвор во траење од 30 дена, информира Апелациониот суд Скопје.

На јавна седница во Апелација  по жалбите на мерката „куќен притвор“ за поранешниот организациски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи за случајот „Онкологија“, обвинителството побара укинување на куќниот и определување ефективен притвор, поради опасност од бегство, додека Нухи пред Судот изјави дека е невин и дека нема да се даде во бегство.

Од Апелациониот суд Скопје, преку соопштение по седницата информира дека е уважена жалбата на Обвинителство и се определува мерка притвор и за Нехат Нухи.

– Постапувајќи по предметот КСЖ-594/25 оформен против обвинетиот Н.Н. од С., по одржана јавна седница на ден 20.06.2025 година ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, против Решението на кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје КСП.бр.340/25 од 23.05.2025 година, и истото го преиначи на начин што ја укина мерката куќен притвор определена према обвинетиот Н.Н. од С.,  поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 в.в. став 1 в.в. член 45 в.в. член 22 од КЗ, кривично дело Измама во службата од член 355 став 3 в.в. став 1 в.в. член 45 в.в. член 22 од КЗ и кривично дело Проневера во службата од член 354 став 3 в.в. став 1 в.в. член 45 од КЗ в.в. со член 24 од КЗ, а поради постоење на причините за мерката притвор определени со одредбата од чл.165 ст.1 т.1 од Законот за кривичната постапка и  ОПРЕДЕЛИ мерка притвор во траење од 30 дена, се вели во соопштението од Апелација.

Вака донесените одлуки со образложени причини за истите, од Апелација информираат дека ќе бидат објавена во целост на веб страната на Судот согласно Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

За предметот „Онкологија“, Основното јавно обвинителство поднесе две обвиненија со кои се опфатени двајцата поранешни директори на Клиниката и четворица доктори онколози. Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев е обвинет „за злоупотреба на службената положба“, „измама во службата“ и „проневера во службата“. Повеќето од дејствијата, како што информира тогаш на прес-конференција предметната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска, првообвинетиот Васев во својство на службено лице директор и второобвинетиот организациски директор, ги извршиле во соизвршителство во временски период од 2018 до 2022 година.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ