• Latest

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Да престанат да се однесуваат како да ги донеле институциите од дома, отчетност и транспарентност, референдум за стратешки одлуки – им порачаа граќаните на властите

June 23, 2025

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Да престанат да се однесуваат како да ги донеле институциите од дома, отчетност и транспарентност, референдум за стратешки одлуки – им порачаа граќаните на властите

June 23, 2025 11:26
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Што им порачаа  на властите читателите на ЦивилМедиа на Граѓанскиот форум, во петокот (20 јуни, 2025).

Во голем број од пораките,  граѓаните непрекинато бараат од властите да си заминат, како минатиот петок, така и на сите граѓански форуми на ЦивилМедиа.

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ): Што сакате да им порачате на властите?

Една од пораки за заминување на властите, гласи:

Гледајќи ја нивната неспособност со која не туркаат во се поголема сиромаштија, би им порачала да си одат и да не ни продаваат пуфки за подобро утре! Оваа година, од нив само сивило гледаме и демагогии…

Граѓаните бараат одговорност од пратениците и функционерите, бидејќи платите, додатоците, патните трошоци, учествата по разни комисии се одвоени токму од граѓаните.

Порачуваат да се слуша гласот на народот.

„Слушнете го гласот на народот – Одлуките треба да се базираат на вистинските потреби на граѓаните, а не на лични или партиски интереси.“

Граѓаните им порачаа на властите да се борат против корупцијата

„Справувањето со злоупотребата на јавни ресурси е клучно за довербата во институциите.“

– Подобрување на здравството и образованието – Овие сектори се темел на развојот и треба да добијат приоритет во буџетот и реформите.

– Заштита на животната средина – Чист воздух, вода и почва не се луксуз, туку право на секој човек.

– Повеќе одговорност и транспарентност – Секоја институција треба да биде отчетна за своите постапки пред граѓаните.

Да прекинат да се однесуваат како да ги донеле институциите од дома.

Прво да престанат да крадат, второ да почнат да работат во интерес на државата и народот или во спротивно да ја напуштат власта.

На локалните власти им порачаа дека сакаат чисти улици, безбедни тротоар и и функционално осветлување.

Се бара поддршка за младите, старите лица и ранливите категории.

Повеќе шанси за локален развој – преку соработка со бизнисите и граѓанските организации, порачаа граѓаните.

Меѓу мноштвото пораки, граѓаните им предложија на властите да организираат референдум  за стратешките одлуки, по 6 месечна јавна расправа.

„Граѓански форум“ е простор во кој секој петок, како завршница на прашањата на денот,  граѓаните без задршки имаат можност преку коментари да испратат пораки, искуства но и критики до властите, институциите, политичарите, а според  досегашните одговори, тие тоа го прават на јасно артикулиран начин, со директни пораки и сугестии.

Редакцијата на ЦивилМедиа е отворена за граѓанките и граѓаните не само во петок, туку и секој ден од неделата, да споделат свои пораки, прашања, грижи  и искуства, било во коментари или во пораки, и им заблагодарува за довербата, отвореноста и директниот настап. Ве очекуваме секој ден, а во специјализиран простор – секој петок во Граѓанскиот форум.

Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.

Д. Т. 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ