• Latest
Фото: МИА

Претседателот на Уставен суд им одговори на независните кандидати: Суд може да оцени уставност на закон, а не на Предлог -законите

July 2, 2025
Трамп и Путин во Алјаска. Фото: Скриншот

Кремљ ги омаловажува разговорите со Зеленски, Трамп предупредува дека Путин можеби нема да сака да склучи договор

August 20, 2025

Евидентирани 1916 во Регистарот на ДКСК за службени возила на државни органи за локалните избори

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на YouTube

Администрацијата на Трамп ќе проверува за „антиамериканизам“ во апликациите за имиграција, критичарите потегот го споредуваат со макартизам

August 20, 2025
Мигрантите депортирани од САД пристигнуваат во Хондурас. Фото: Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

САД постигнаа договори за депортација на мигранти со Хондурас и Уганда

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел бара ослободување на сите заложници во Газа, фрлајќи сомнеж врз предлогот за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото; Скриншот од видео на YouTube каналот на British Army

Околу 10 европски сојузници се подготвени да испратат војници во Украина, се забрзуваат разговорите за безбедносните гаранции

August 20, 2025

Избирачкиот список се отвора во сабота за увид и запишување и бришење податоци

August 20, 2025
Фото: Телеграм канал АСТРА

Геј порно снимено во православна црква во Русија

August 19, 2025

24 ЧАСА: ДИК без консензус за бројот на советници на локалните избори; Секое украниско дете киднапирано од Русија мора да биде вратено-децидна фон дер Лајен; Жестоки протести во Србија

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Медијаторите чекаат одговор од Израел на новиот предлог за прекин на огнот во Газа

August 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Претседателот на Уставен суд им одговори на независните кандидати: Суд може да оцени уставност на закон, а не на Предлог -законите

July 2, 2025 12:42
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПРАВДА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Предлог -законот за изменување и дополнување на Изборниот законик на почетокот на јуни помина на седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и чека пленарна седница за негово гласање по скратен постапка.

Граѓански здруженија веднаш реагираа дека Изборниот законик станал оружје против независните и дека ваквиот Предлог закон ја погазува одлуката што ја донел Уставниот суд за укинување на претходните противуставни измени на Изборниот законик, што Собранието ги донело во март 2024 година. Во новиот Предлог -закон повторн осе зголемува бројот на потребни потписи за учество на независните во изборите.

Граѓанските здруженија и независни кандидати реагирале до Уставен суд со барање да се произнесе против Предлог законот.

Од Уставен суд информираа дека претседателот Дарко Костадиновски испрати писмен допис во кој им одговори на прашањата на независните кандидати и граѓански здруженија велејќи дека судот може да се произнесе кога Предлог законот ќе биде дел од правниот поредок.

„Со оглед дека Вашето барање се однесува на реализирање на уставната надлежност на Уставниот суд, нормативната контрола на општите правни акти односно оценување на уставноста на Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, Ве известувам дека Уставниот суд, согласно со Уставот и Актот на Судот, е надлежен да ја цени уставноста на законите, а не на Предлог- законите. Следствено на ова, Уставниот суд, од аспект на апстрактната контрола, е надлежен да ја цени уставноста и законитоста на позитивното право, односно на општите прописи и општите акти што се дел од правниот поредок и нивната уставност и законитост во време на нивното важење.

Неспорно е дека согласно со член 13 и 91 од Актот на Судот, Уставниот суд го следи остварувањето на уставноста, законитоста и слободите и правата на човекот и граѓанинот утврдени со Уставот и по свое наоѓање, може да усвои посебен извештај во кој ќе укаже на потребата за преземање мерки за нивно остварување и заштита и ќе го достави до надлежниот орган односно врз основа нa претходно добиени податоци и известувања, Уставниот суд може да донесе посебно решение со кое ќе утврди дека неговата одлука не е извршена и ќе го извести надлежното јавно обвинителство, како и органот што го именувал или избрал раководителот на органот или телото кое не ја извршило одлуката на Судот. Но, во однос на Вашето барање за усвојување на посебен извештај за Предлог за закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, Ве известувам дека Уставниот суд, извештај од аспект на член 13 од Актот на Судот, може да усвои исклучиво за закон кој е дел од правниот поредок”, се вели во дописот на Костадиновски.

Дописот потврдува дека Уставен суд ќе може да реагира правно откако пратениците ќе го изгласаат во Собрание и Предлог законот ќе стане дел одп равниот поредок.

Десетте граѓански иницијативи до кои е испратен дописот бараат  одлука со која не смее да има зголемување на потребниот број на потписи за предлагање независни кандидати.

Таква одлука Уставниот суд донесе во мај 2025 година кога ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, со кои се крена прагот за собирање потписи за независните кандидати и листи што планираат да учествуваат на избори.

Б. Ј.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ