• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама најавува нов систем за снабдување со нафта; Велиај одбива да поднесе оставка од функцијата градоначалник; Блокирани 882 милиони евра поради неконституирањето на косовското собрание

July 14, 2025

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026

Ден на Достоинството и Слободата: патот на Украина кон демократијата и европската иднина

November 21, 2026

Случајот „Северен тек“: Хрватска пред тестот на правдата

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама најавува нов систем за снабдување со нафта; Велиај одбива да поднесе оставка од функцијата градоначалник; Блокирани 882 милиони евра поради неконституирањето на косовското собрание

July 14, 2025 14:18
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Албанскиот премиер Еди Рама најави дека се работи на нов систем на снабдување со нафта, што ќе донесе контрола врз цената и целиот систем на циркулацијата на нафтата, пишуваат албанските медиуми.

Во Косово продолжува политичката криза поради неконституирањето на собранието, а експертите посочуваат дека поради тоа, 882 милиони евра блокирани, пишуваат косовските медиуми.

АЛБАНИЈА

Факсвеб: Рама најавува нов систем за снабдување со нафта: Ќе донесе контрола на цените

Работиме на нов систем за снабдување со нафта, тоа е можност да се премине на снабдување со нафта со нова компонента на државата како протагонист во спроведувањето на договорите.

Ова ќе донесе контрола врз цената и целиот систем за циркулација на нафтата“, рече премиерот Еди Рама, пренесе Факсвеб.

Коха јоне: Ерион Велиај одбива да поднесе оставка од функцијата градоначалник

Ситуацијата во Општина Тирана, иако Ерион Велиај е во притвор во Драч, продолжува да биде мирна. Именуваната директорка, Ануела Ристани, е на должност 24/7.

Сигурни извори блиски до Ерион Велиај за Kоха Jоне изјавија дека тој е неправедно во затвор за овие обвиненија. Тој ќе ја продолжи правната битка за да биде ослободен, но нема да поднесе оставка од функцијата градоначалник без разлика колку го држат во притвор затоа што за него гласале стотици илјади луѓе.

КОСОВО

РСЕ: Собранието не е конституирано ниту по 46-тиот обид

Косовското собрание не беше ниту конституирано во недела, на 13 јули, и затоа пратениците го одбележаа 46-тиот пат како се состануваат, меѓусебно се обвинуваат и не го финализираат процесот.

И покрај фактот што пратениците од секоја партија инсистираат на важноста на формирањето нови институции, тие сè уште не отстапуваат од своите спротивставени ставови, пренесе РСЕ.

82 пратеници учествуваа на седницата на 13 јули.

Економиа онлајн: 882 милиони евра блокирани поради неконституирање на Собранието

Исмет Круезиу од Косовскиот институт за демократија (IKD) изрази загриженост дека земјата веќе три месеци е без функционален Парламент, а според него, поради оваа институционална блокада, Косово не е во можност да ги користи средствата од Планот за раст на Европската унија.

„882 милиони евра се блокирани поради неодржување на собрание. Губење на теснопартиските интереси“, напиша Круезиу во објава на Фејсбук. Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан предвидува исплата на овие средства, но тие можат да бидат усвоени само откако ќе бидат ратификувани соодветните договори во косовскиот парламент. Без негова функционализација, процесот останува блокиран, пренесе Економиа онлајн.

КОЛУМНА

Коха: „Време на крајности“

„Според глобалните аналитичари на институтот, нивото на демократија за просечниот граѓанин на светот се вратило на нивото од 1985 година, а економската тежина на демократиите е на најниско ниво во последните повеќе од 50 години. Падот е глобален, со Источна Европа и Јужна и Централна Азија во длабок пад.

За прв пат по повеќе од 20 години, во светот има повеќе автократии (91) отколку демократии (88).

Како што влегуваме во втората четвртина од 21 век, ова е резултатот што треба да се запомни како почетна точка: само 29 либерални демократии остануваат во 2024 година – најреткиот режим во светот, додека 72% од светското население живее под автократија – највисок процент од 1978 година.“, пишува Авторот Ветон Сурои, во колумната „Време на крајности“, објавена во косовскиот дневен весник Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ