• Latest
Ерол Ризаов

Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

July 15, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар?

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

July 15, 2025 12:09
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter

ЕРОЛ РИЗАОВ

Премиерот Христијан Мицкоски вози со „пета и шеста“ брзина во изградба на инфраструктурата. Ја „откочил заглавената кола“ како што вели, од претходните влади и сега преку ноќ никнуваат километри автостради и брзи пруги, гасоводи, мостови и тунели, вијадукти. Се поместуваат планини и долини. Сѐ она што се проектирало пред децении и се гради повеќе од 10  години, сега свечено со голем чалам му го дава на употреба на „неговиот“ народ.

Премиере, дај закочи малку со лагите оти ќе се тумбаме од големата брзина на лажни успеси.

Имам впечаток дека човекот почна и самиот да верува на сопствените лаги. Оправданите критики за лошите проекти и бавната скапа децениска изградба на кои меѓудругото ја добивте довербата на последните парламентарни избори, наеднаш станаа ваш силен адут да постигнувате пропагандни предизборни успеси китејќи се со туѓи пердуви.

Сепак, треба да се има малку усул во фалбите за она што жестоко го критикувавте. Не верувам дека сте заборавиле на вашите големи откритија за страшната корупција на „Бехтел и Енка“ во стотици милиони евра и пет пати поскапиот километар на историскиот автопат, нашата нова Виа Игнација, автопатот Кичево –  Охрид што го градат овие компании, кои коруптивно ја добиле работата по цена од  прво 375, па потоа близу 600 милиони евра.

На времето како лидер на опозицијата презентиравте пред јавноста некои сомнителни баснословни цени по цена од над 10 милони евра по километар.  И, оп, наеднаш откако дојдовте на власт, испадна дека овие градежни светски гиганти биле одлични и дека ќе им придодадете уште некој килематар автопат, ама цената ќе биде уште повисока и ќе мора уште „малку“ да се задолжиме. Сега немате загрижувачки бројки, поточно немате ниту една бројка,  колку тоа дополнителнио ќе ги чини граѓаните на Македонија.

Како паднат од Марс

Веќе нема корупција, туку само обично поскапување. Сега откривте како паднат од Марс дека имало десетици свлечишта, грандиозни мостови, проблеми со проектите, лоши геодетски истражувања, тешкотии со експопријацијата на приватни имоти и уште многу други проблеми кои беа погодни за критика за „ јавашлукот и фушерството“, за драматичните финансиски односи меѓу инвеститорот и градителите. Ако сте ги исправиле сите тие работи со шеста брзина, зошто сега ги пролонгирате роковите и ја кревате цената накај милијарда евра.

Алооо – Антикорупциска, има ли тука нешто работа за вас, или сте и натаму на шестмесечен платен одмор, со добри изгледи тоа да продолжи на неодредено време. Откако објавивте дека сѐ било чисто во стекнатиот имот на Венко Филипче и по шлаканиците што за тоа ви ги удрија премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кај вас владее „мукла мара“. Што се однесува до инфраструктурата добра идеја е пред избори, освен редовното предизборно зголемување на пензиите да пуштите уште една малку подзаборавена патка за сенародна дебата покрај таа за изградба на Чебрен и Галиште. Многу поатрактивна е идејата за пловен Вардар до Егејското и до Црното Море, за Вардарска долина и за ланисрање на првиот македонски сателит во вселената. Изгледите за остварување на сите овие три работи се еднакво реални.

Е, сега она што е уште пострашно е истиот систем на фалби и лаги за остварување на стратегиските интереси на Македонија за членство во ЕУ. Ја зацврстувате самоблокадата на преговорите со ЕУ. Сакавте да прикажете голема победа со некакво сосема непотребно признавање на одамна признатиот македонски јазик.

Наместо тоа доживеавме во Европскиот парламент дебакл и понижување какво што Македонија никогаш не добила. Што помисливте, дека и Европскиот парламент е како македонскиот, па како ќе кажат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и кооперативните партнери од „Вреди“, така и ќе се гласа. Ве прочитаа таму како првооделенски  буквар. Добивме тешка бугарско европска завратница од која повторно сакате да правите спектакуларен успех, откривајќи домашни и надворешни непријатели за тешкото понижување на Македонија.

Храбро за збогум на Европа

Продолжете со таа шеста брзина да го билдате големиот непријател ДУИ додека не го уништите партнерот „Вреди“. Треба да почнете со подготовки, ако веќе не сте почнале, за коалиција со ДУИ, откако му ја избришавте европската агенда на албанскиот коалициски партнер.

На тие од „Вреди“ главен адут на изборите им беше корупцијата на ДУИ. А, за шест месеци по заземањето на функциите во коалициската влада да се донесат уставните измени со внесување на Бугарите и продолжување на преговорите со ЕУ. Сега се загрижени само за функциите. За корупцијата и владеење на правото веќе видовме дека ни во „Вреди“ ни во ЗНАМ ни во ВМРО-ДПМНЕ, ниту во државата, нема никакви промени.

Корупцијата е во власта, а се откриваат само бивши функционери и ситни риби. Европа може да почека. Сме чекале 25 години, можеме уште толку.  Со она што се случи во Европскиот парламент ги изгубивме и пријателите кај европските држави кои навистина беа на наша страна јавно изнесувајќи дека навистина на Македонија ѝ се прави неправда. Испадна работата дека во право биле тие што ни ставале вето.

Одите на состаноците на НАТО и од таму испраќате фотографии и вести за значајни средби пак полни со фалби. А, да ве прашам, дали додека ве сликаат не помислувате на велепредавствата не само на претходната власт и на осумтемина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои ги прогласивте за предавници што гласаа за уставните измени кои нѐ внесоа во НАТО. Дали тие уште се предавници. Ќе бевме ли членка на НАТО ако тие луѓе без оглед на околностите зошто се определија на тој чекор, не гласаа „за“.

Читам неки блиски медиуми и јавни личности на ВМРО-ДПМНЕ проповедаат да ѝ кажеме збогум на ЕУ. Храбро и достоинствено да им кажеме збогум на неодредено време. Односно, да ги замрзнеме преговорите со ЕУ додека Европа не сфати колкава неправда ни се прави и под каков силен притисок сме изложени.

Мислам дека тоа е одлична идеја која треба веднаш да ја прифатите, ако веќе не е ваша. Тоа е извонредна шанса да ги остварите сите ваши ветувања за која кренавте повеќегодишна тревога. Во тој случај можеме спокојно да ги направиме уставните измени и да го вратиме уставото име на државата со бришење на додавката северна, експресно да ги поништиме договорите со Грција и со Бугарија и да останеме гордо и достоинствено свои на своето.

Се разбира, сето тоа на големо задоволство на соседите на ЕУ и на мнозинството граѓани во чии глави направивте пустош со вашите пропаганди. Колку ќе чини, нека чини. Важно храбро ќе се бориме за нашите права како што претпочитате редовно да ни проповедате приспивни приказни за оглупавување.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Независен.

 

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ