• Latest

Независните кандидати во последен обид за добивање правна основа за учество на изборите

July 16, 2025
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Независните кандидати во последен обид за добивање правна основа за учество на изборите

July 16, 2025 12:31
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„На само две и пол недели од одењето на пратениците на колективен одмор и три недели до распишување на изборите, имаме правна несигурност и доведување во прашање на уставно загарантираните права на илјадници граѓани и преседан во историјата на државта, со недефинирање на учеството на независните кандидати на претстојните избори“, велат независните кандидати.

Независните кандидати од повеќе општини во земјата сметаат дека е повредено уставно загарантираното пасивно избирачко право и правото да учествуваат во вршењето на јавни функции од член 23 од Уставот, со што и на граѓаните кои ги поддржуваат им се ограничува избирачкото право и правото на политичко дејствување од член 22 од Уставот.

„Владеачката ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа да се сретне со нас и заедно да се утврдат условите за кандидирање на независните кандидати, да се достави нов предлог кој ќе ја почитува Одлуката У.бр.186/202 на Уставниот суд и нема да го повлечат сегашниот заглавен Предлог-закон за измени и дополнувања на Изборниот законик, кој е противуставен и не ја почитува одлуката на Уставниот суд.  Владата не доставува мислење до Законодавно-правната комисија по барањето за автентично толкување на член 65 став (4) од Изборниот законик, поднесено во наше име од пратеничката Моника Зајкова на 25.06.2025. Нема автентично толкување на сегашната состојба на Изборниот законик и нема донесено нови измени“, се наведува во нивното соопштение.

Нивните барања се:

  • Барање до претседателот на Државната изборна комисија г. Борис Кондарко, итно да бара од Владата да се произнесе по доставеното барање за автентично толкување на член 65 став (4) од Изборниот законик, поднесено од пратеничката Моника Зајкова на 25.06.2025, Законодавно-правната комисија итно да изготви предлог на автентично толкување, а пратениците да го усвојат.
  • Барање до Владата итно да достави мислење до Законодавно-правната комисија по доставеното барање за автентично толкување.
  • Барање до Законодавно-правната комисија итно да оценат дали барањето за давање на автентично толкување е оправдано и ако е оправдано, да изготват предлог на автентично толкување и го достават до Собранието. Ако мислењето од Владата е неопходно за оценување на оправданоста, да побараат од Владата да им се достави мислењето по најитна постапка.
  • Барање до претседателката на РСМ, г-a Гордана Сиљановска Давкова, да се обрати јавно до Собранието, Владата и медиумите и бара под итно да се овозможи правна основа за учество на независните кандидати на претстојните избори.

„Бараме разрешување на овој преседан во најбрз можен рок и правна основа за учество на независните кандидати на локалните избори“, велат независните од Карпош, Центар, Гази Баба. Град Скопје, Тетово, Битола, Ново Село, Струмица и Босилово.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ