• Latest

Барлаковски: Сакаа да ме тепаат „патриотите“ оти не бев од „нивните“ новинари!

April 7, 2017

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026

Ден на Достоинството и Слободата: патот на Украина кон демократијата и европската иднина

November 21, 2026

Случајот „Северен тек“: Хрватска пред тестот на правдата

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Барлаковски: Сакаа да ме тепаат „патриотите“ оти не бев од „нивните“ новинари!

April 7, 2017 16:24
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Група од десеттина членови на Македонското патриотско здружение „Пере Тошев“ од Прилеп, синоќа по протестот на „За заедничка Македонија“ во Скопје, се обиделе физички да се пресметаат со новинарот на „Плусинфо“, Божидар Барлакоски. Тие извикувале погрдни зборови по него, меѓутоа новинарот успеал да остане професионален и да се повлече.

„Почнаа да ме пцујат и бркаат откако видоа дека не сум од ‘нивните новинари’. Сакам да ги прашам ‘патриотите’: дали во нивната заложба за заедничка држава и соживот, го сметаат и тоа што ќе тепаат новинари коишто си ја извршуваат работата? Исто така, не знам колку надлежните институции имаат контрола над ваквите групи и здруженија кои можат да предизвикаат инциденти“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, новинарот Барлаковски.

Придружуван од уредникот на „Плусинфо“ Бранко Героски, новинарот Барлакоски доцна синоќа настанот го пријавил во Првата полициска станица (Беко). Притоа, новинарот на полицајците им го посочил идентитетот на тројца од напаѓачите кои биле во црна облека со амблеми на здружението.

Од „МПЗ Пере Тошев“ на нивната официјална Фејсбук страница демантираат дека имало било каква бркотница по скопските улици и дека сакале да тепаат некој новинар, како и „сè што е напишано во соросоидниот текст“ (на „Плусинфо“ – н.з.).

„Вие можете колку сакате да не оцрнувате ама ние нема да попуштиме, знаеме дека ви сметаме бидејќи ја браниме Македонија од гниди како вас. Ако сме сакале да се пресметуваме на улица, сигурно немало на 20 луѓе да им избега така лесно, нели? А дека се предавнички копилиња, тоа го знаат сите, не мора да им го кажуваме тоа ние, туку цел Македонски народ им го кажува тоа“, стои во демантот.

Д. М.

 

 

Tags: Божидар БарлакоскиконтролаМПЗ Пере Тошевнадлежни институциинападсоживот
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ