Во масовно пукање во Менхетен, вооружен човек убил четири лица, вклучувајќи и полицаец од полицијата во Њујорк, во Мидтаун, пред да се самоубие. Пукањето се случило за време на шпицот во понеделник вечерта во облакодер на Парк Авенју, кој вклучува корпоративни канцеларии за Националната фудбалска лига, пренесува Си-ен-ен.
Напаѓачот бил идентификуван како 27-годишниот Шејн Девон Тамура од Лас Вегас. Според извор, имал самоубиствена порака во џебот во која се наведува дека страдал од CTE, болест поврзана со траума на главата, и барал да му се проучи мозокот. Според службеник за спроведување на законот, документите пронајдени кај стрелецот велат дека имал поплаки од НФЛ и нејзиното справување со CTE.
Убиениот полицаец, Дидарул Ислам, бил 36-годишен имигрант од Бангладеш. Имал два мали сина, а неговата сопруга е бремена со нивното трето дете. Друго лице кое било застрелано преживеало и е во критична, но стабилна состојба. Вработен во НФЛ е сериозно повреден, според меморандум од персоналот.
Д. Мишев